По првите брзи кругови во Q3 сесијата, Хамилтон го имаше најбрзото време со две десетинки предност пред Нико Розберг, но времето на Германецот од Q2 беше доволно за Пол позицијата. Се очекуваше значително подобрување од негова страна. По нив болидите на Ферари беа пред тие на Ред Бул и тоа сите со времиња од 4 десетинки заостанување зад Мерцедес АМГ. Возачите на Форс Индија и Хас се решија да останат во своите гаражи.
Како што се очекуваше при вториот обид, Розберг го подобри своето најбрзо време, исто така и Хамилтон, но беше за 0.013 делови од секундата побавен од тимскиот колега. Ова е трета последователна пол позиција за Розберг, но кога се во прашање Победите на Сузука, тие одат на конто на Хамилтон. Дали историјата ќе се повтори?!?
Возачите на Ферари подобри од тие на Ред Бул и по вторите брзи круга, Кими Раиконен пред Себастијан Ветел, но нема да стартуваат заедно од вториот ред поради казната на Германецот од три стартни места поназад.
Неговото место ќе го земе Макс Ферстапен, кој беше подобар од својот тимски колега за 0.050 делови од секундата. Серџо Перез ја доби битката помеѓу возачите на Форс Индија и Хас, го имаше седмото најбрзо време пред Грожан, Хулкенберг и Гутиерез.
Мора да напоменеме дека Грожан и Перез имаа исто време, но Мексиканецот е понапред затоа што беше прв што го забележа на патеката.
Дали Нико Розберг ќе ја претвори својата брзина и во нова Победа ќе видиме на утрешната трка која започнува во 07:00 часот по македонско време. Неверојатно близок распоред на гридот, што е добра најава за интересна трка.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ЈАПОНИЈА
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:32.584
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:32.660 + 0.013
3. Кими Раиконен Ферари 1:33.024 + 0.302
4. Себастијан Ветел Ферари* 1:33.245 + 0.381
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:33.337 + 0.531
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:33.347 + 0.593
7. Серџо Перез Форс Индија 1:33.497 + 1.314
8. Роман Грожан Хас 1:33.967 + 1.314
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:33.967 + 1.495
10. Естебан Гутиерез Хас 1:33.967 + 1.900
* казна од 3 стартни места поназад
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:30.714
11. Валтери Ботас Вилијамс 1:32.315 + 1.601
12. Фелипе Маса Вилијамс 1:32.380 + 1.667
13. Данил Квјат Торо Росо 1:32.623 + 1.909
14. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:32.685 + 1.971
15. Фернандо Алонсо Мекларен 1:32.689 + 1.975
16. Џолион Палмер Рено 1:32.807 + 2.093
Q1 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:31.659
17. Џенсон Батон Мекларен 1:32.851 + 1.192
18. Кевин Магнусен Рено 1:33.023 + 1.367
19. Маркус Ериксон Заубер 1:33.222 + 1.563
20. Фелипе Наср Заубер 1:33.332 + 1.673
21. Естебан Окон Манор 1:33.353 + 1.694
22. Паскал Верлајн Манор 1:33.561 + 1.902
107% време: 1:35.975
Нико Розберг по освојувањето на пол позицијата...