На крајот на денешните квалификации за Големата Награда на Јапонија, Кими Раиконен беше трет најбрз, додека Себастијан Ветел го имаше четвртото најбрзо време. Сепак, Германецот трката ќе ја стартува од седмата позиција, кога ќе се аплицира неговата казна од три стартни места поназад, заработена на трката за Големата награда на Малезија.
Кими Раиконен: "Генерално, болидот се однесуваше многу добро, ние имаме проблеми со подуправување, но полека се подобруваме со подесувањето и брзината и јас сум позитивно изненаден од тоа што бевме конкурентни и во близина на Мерцедес АМГ. Третата позиција не е толку лош пласман, но очигледно е дека ние сакаме да биде повисоко. Штета е што Себ има казна, бидејќи тимот имаше доста силна сесија. Очигледно ние сме среќни, но останува уште да се работи на болдиот, за да се направи уште подобар за утрешната трка. Ние сме сигурни дека имаме брзина, која секако дека утре нема одеднаш да исчезне. Ние обично сме малку подобри во трката, но ќе треба да почекаме и да видиме. Тоа ќе зависи од условите на патеката и други работи, но ние ќе се потрудиме."
Себастијан Ветел: "Ова е голем резултат за нас како тим. Што се однесува до мене, очигледно е дека оплескав во последниот сектор, и изгубив премногу време. Но, се на се, ова беа многу добри квалификации, нашиот болид се однесуваше добро во текот на сите сесии. Задоволство е да се биде со двата болиди пред Ред Бул. Утре ќе треба да стартувам малку поназад поради казната, но тука ништо не може да се направи. Мислам дека брзината на нашиот болид ќе ми помогне да се вратам кон врвот, а потоа ќе видиме што можеме да направиме. Мислам дека тоа ќе биде тесна битка. Многу ќе зависи од тоа како возачите ќе ги менаџираат своите гуми во првиот стинт, бидејќи сите ќе стартуваме со истата мека компонента на Пирели, а од тоа зависи како понатака ќе се одвиваат стратегиите."
КИМИ ИЗНЕНАДЕН ОД БРЗИНАТА НА ФЕРАРИ
10/08/2016 12:11:00 PM
0
Share to other apps