Луис Хамилтон, некогашниот миленик на Британските медиуми со однесувањето на трката во Јапонија го привлече нивниот гнев кога реши да им се спротистави на непријателски расположените новинари. Прво беше случката на задолжителната прес-конференција во четвртокот, кога му беше поважно постирањето на SNAPCHAT од нивните прашања. Потоа, кога ова негово однесување беше оценето како срамно, тој отиде во офанзива со откажување на закажани прес-конференции за медиумите во Сузука. Како резултат на тоа речиси сите реномирани Британски печатени медиуми, но и жолтиот печат се нафрлија врз возачот на Мерцедес АМГ.
Кевин Изон, Ф1 дописник на Тајмс, напиша: "Неговите претерани реакции го открија неговото деликатно его и кревка ментална состојба. Додека Хамилтон си копаше ров по прогласување војна со светскиот печат, Розберг се фокусираше на својата мантра и тоа му донесе нова Победа."
Насловот во Телеграф беше: "Хамилтон го притисна копчето за самоуништување". Даниел Џонсон, Ф1 дописник пишува дека во Мерцедес АМГ "стравуваат дека нивниот главен возач е во криза на една од критичните раскрсници во неговата кариера", дополнително тврдејќи дека Хамилтон попушта под притисок од неговиот тимски колега, кој има четири победи во последните пет трки и по Јапонија води во шампионатот со 33 поени.
"Хамилтон нема победа од Jули и дојде до некој заклучок дека тој бил саботиран од страна на Мерцедес кога неговиот мотор експлодира во Малезија. Во Јапонија го упропасти својот старт и мораше да надокнадува за време на целата трка. Додека тој беше на осмото место по првиот свиок, на крај освојувајќи го третото место, Розберг со леснотија дојде до нова Победа. Неколкуте десетинки кои му обезбедуваа Титула во последните две сезони, оваа сезона Розберг ги анулираше. Но, повеќе загрижува што неговата психолошка цврстина што тој ја градеше во сите претходни сезони, се урна како кула од карти под притисок од Розберг."
Бери Гленденинг од Гардијан, повеќе се фокусира на SNAPCHAT случката на Хамилтон: "Тоа е доказ дека неговото бескрајно детско однесување е некако измислено за да се прикрие едно параноично детиште."
Сандеј Телеграф се чувствувал навреден од одлуката на Хамилтон да ги прескокне задолжителните брифинзи со печатот и излегоа со наслов: "Бизарното однесување на Хамилтон повторно го натераа Мерцедес да црвенее."
Џони Фордам, репортерот на SUN, напиша: "Луис Хамилтон беше само SNAP, но без CHAT. Хамилтон беше бесен заради очекувано негативната реакција на неговата детска Snapchat шега. После ова во Ф1 падокот се има чувството дека Хамилтон не само што сака да го води Мерцедес, туку и целиот Формула Еден Шампионат и дека станал недопирлив. Но, тоа е само во светот на Хамилтон, завиткан во меурот на социјалните медиуми каде што неговите тврдокорни фанови му се поклонуваат и го обожаваат како лидер на култ."
БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ ГО НАПАДНАА ПАРАНОИДНОТО ДЕТИШТЕ ХАМИЛТОН
10/11/2016 03:02:00 PM
0
Share to other apps