Даниел Рикардо вели дека неговата промоција на гридот во пресрет на Големата Награда на Јапонија, по казната од пет стартни места поназад за Кими Раиконен, се покажала многу штетна за неговата трка. Австралијанецот беше преместен на полошата, влажна страна од патеката. Дождот кој заврна во текот на ноќта го наводени асфалтот, а до стартот на трката единствено редицата која се наоѓаше зад пол позицијата т.е. тркачката линија беше целосно исушена.
"Казна на Раиконен беше спротивно на благослов. Тоа ме стави на влажната страна на гридот. Изгледаше дека сите ние на таа страна имавме проблеми со стартот, особено Хамилтон. Мојот старт не беше толку лош како неговиот, но потоа морав да го одбегнувам него, па бев поминат од Серџо Перез. За време на првиот стинт ние имавме проблеми да останеме во близина, едноставно не можевме да го следиме болидот пред нас, кога бевме во близина турбуленциите го правеа болидот тежок за упрвавување. Исто така, на правците немавме доволно брзина за да нападнеме. Видовме како Ветел не помина како брз воз на правецот, за веднаш потоа истото го направи и со Перез. Ние денес имавме големи проблеми со сообраќајот на патеката."
"Јас чувствував дека сме немоќни. Околности не одеа во наша корист. Дури во последниот стинт конечно имав чиста патека пред себе, но веќе беше доцна за нешто повеќе и мораше да се задоволиме со шестото место. Имав осамена трка и се обидував да го дадам максимумот во дадените услови. Многумина се лутеа на заостанатите болиди, но Сузука не беше лесна ни за нив, малата ширина на патеката им го отежнуваше давањето предност, особено во првиот сектор."
РИКИАРДО: КАЗНАТА НА КИМИ ПОВЕЌЕ ВЛИЈАЕШЕ НА МОЈАТА ТРКА
10/09/2016 08:12:00 PM
0
Share to other apps