Возачите и раководството на Мерцедес АМГ по заминувањето од Јапонија се упатија кон своите две фабрики во Англија каде ја прославија трета последователна Титула во шампионатот на конструктори. Со 15 победи, 28 пласмани на подиумот, 16 Пол позиции и 10 Најбрзи кругови од 17 трки, Погонската единица на Мерецедес, PU106C Хибрид до овој момент од шампионатот ги има освоено половината од вкупно достапните поени, водејќи во 81% од сите извозени кругови. Болидот на Мерцедес АМГ, W07, има освоено 35% од вкупно достапните поени, додека, 81% од круговите во водство се негова заслуга. За да се одбележи уште една феноменална година за Сребрените стрели, Луис Хамилтон и Нико Розберг се приклучија на раководството на тимот во Бриксворт и Брекли на повеќе-дневната прослава организирана на двете локации. Атмосферата ви ја пренесуваме низ фотографии.
МЕРЦЕДЕС ЈА ПРОСЛАВИ ТРОЈНАТА ТИТУЛА
10/13/2016 12:23:00 PM
0
Share to other apps