По завршувањето на трката во Мексико возачот на Ферари, Себастијан Ветел, го прославуваше третото место на подиумот, но три часа подоцна тој беше казнет со 10 секунди додатно време за инцидентот со Даниел Рикиардо и се најде на петтото место, позади двата болиди на Ред Бул.
Маурицио Аривабене, тимскиот шеф на Ферари, изјави: "Ние имаме чудно чувство дека го заслуживме овој подиум, но поради бирократијата во Ф1 го изгубивме. Тимот ја покажа својата флексибилност и солидарност во тешки моменти. Стратегијата ни помогна да се бориме за што подобар пласман во текот на трката, двајцата возачи добро се справија со предизвикот на Мексиканското ГП. За жал, на крајот, стјуардите одлучија да не казнат и мислам дека тоа е премногу строга и неправедна казна."
Себастијан Ветел: "Мислам дека денес ја имавме вистинската стратегија, поддржана со многу добро тркачко темпо. Да имавме успешна квалификациска сесија, најверојатно ние би можеле да направиме уште повеќе. Имавме позитивно искуство низ целата трка, знаевме дека имаме брзина, така што се чувствував самоуверено во болидот. Возев најдолг прв стинт на меките гуми од сите возачи на гридот."
"На крајот бев побрз од Ферстапен, но престигнувањето е тешко на оваа патека, но вршев голем притисок врз него. Во еден момент тој направи грешка, излезе надвор од патеката, го пресече свиокот и повторно се врати пред мене. Не сакаше да ја врати позиција дури и откако му беше кажано да го направи тоа. Што се однесува до борбата со Даниел, кој навистина го почитувам, дојде до контакт, во една многу тешка ситуација. Во моја одбрана ќе кажам дека се борев за позиција, се обидував да го задржам своето место и, според мое мислење, јас го направив тоа."
Кими Раиконен: "Стартот не беше толку лош, се беше во ред. Сепак, по првиот пит-стоп на медиум гумите, се појавија проблеми, па затоа решивме да се префрлиме на друг сет од истите гуми на Пирели, но да бидам искрен, грипот на задните тркала не се подобри."
"По завршувањето на трката лесно е да се каже дека вториот пит-стоп беше грешка, но јас сум среќен што се обидовме. Да се претекне Хулкенберг не беше така лесно, беше тешко да се биде зад друг болид без добар грип. Не знам дали имаше контакт помеѓу нас, јас само видов дека тој се изврти."
АРИВАБЕНЕ: БИРОКРАТИЈАТА НИ ГО ОДЗЕДЕ ТРЕТОТО МЕСТО
10/31/2016 11:12:00 AM
0
Tags
Share to other apps

