Од тркачки аспект немаше нешто возбудливо на оваа прва сесија, која служи за запознавање на возачите со условите на патеката и вообичаено помина со болиди опремени со чудни сензори и "нормални" излетувања надвор од патеката и блокирање на тркалата. Болидот на Ферари оваа сезона е тврдоглав и никако не сака да остане на асфалтот, па Себастијан Ветел имаше мало извртување на патеката, но успеа да го исконтролира и да помине без никакви оштетувања.
Верувале или не, Луис Хамилтон, трикратниот и актуелен Ф1 Шампион, никогаш не победил во Бразил. Дали на ова трка тоа ќе му појде од рака?!? Од друга страна Нико Розберг може да ја обезбеди годинешната Шампионската Титула со трета последователна победа на Интерлагос, без разлика каде ќе се пласира Британецот.
Друг возач, кој очајно посакува силен викенд е локалниот херој, Фелипе Маса. На домашен терен тој има 2 Победи и 5 пласмани на Победничкиот подиум. Публиката секогаш го понесува да направи добри резултати, особено сега кога става крај на својата Ф1 кариера.
Времето во Бразил беше сончево, но метеоролозите најавуваат шанси за дождлив викенд. Вториот тренинг започнува во 17 часот по македонско време, на кој подобро ќе се забележи формата на возачите и нивните болиди.
2016 БРАЗИЛ ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:11.895 32
2. Макс Ферстапен Ред Бул 1:11.991 + 0.096 29
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:12.125 + 0.230 26
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:12.371 + 0.476 27
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:13.129 + 1.234 36
6. Серџо Перез Форс Индија 1:13.289 + 1.394 31
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:13.293 + 1.398 33
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:13.318 + 1.423 33
9. Себастијан Ветел Ферари 1:13.567 + 1.672 24
10. Кими Раиконен Ферари 1:13.569 + 1.674 26
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:13.711 + 1.816 22
12. Данил Квјат Торо Росо 1:14.090 + 2.195 15
13. Џенсон Батон Мекларен 1:14.252 + 2.357 27
14. Фернандо Алонсо Мекларен 1:14.296 + 2.401 26
15. Роман Грожан Хас 1:14.507 + 2.612 25
16. Фелипе Наср Заубер 1:14.631 + 2.736 21
17. Маркус Ериксон Заубер 1:14.654 + 2.759 23
18. Естебан Окон Манор 1:14.827 + 2.932 30
19. Џолион Палмер Рено 1:14.908 + 3.015 32
20. Паскал Верјалн Манор 1:14.948 + 3.053 32
21. Чарлс Леклерк Хас 1:15.391 + 3.496 27
22. Сергеј Сироткин Рено 1:15.800 + 3.905 10
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:12.764
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:13.543
Извртувањето на Себастјан Ветел...
Мерцедес АМГ со сензори...
Нико, дрифт во обид...

