Во тимот на Вилијамс отстапија од нивната вообичаено воздржана форма на петочните тренинг сесии, и најверојатно да привлечат што повеќе публика на патеката беа вториот најбрз тим. Разликата помеѓу нивните двајца возачи беше уште помала од таа на водечките, миленикот на домашната публика, Фелипе Маса беше само 0.028 секунди побавен од неговиот тимски колега, Валтери Ботас.
Ферари не ги користеа меките гуми за време на првата сесија, но и со нивна помош на вториот тренинг тие не беа во можност да ги победат болидите на Ред Бул. Даниел Рикиардо беше побрз од својот тимски колега, Макс Ферстапен кој го имаше петтото најбрзо време, но Холанѓанецот беше втор најбрз возач на долгите стинтови кои ги симулираа тркачките перформанси на болидите. Најбрз беше се разбира Луис Хамилтон со Мерцедес АМГ.
Себастијан Ветел и Кими Раиконен, го забележаа седмото и осмото најбрзо време. Финецот мораше пред време да влезе во својата гаража поради проблеми со неговите сопирачки. Од лошо, полошо за тимот на Ферари, ова никако не е формата со која сакаа да ја завршат сезоната, како најава за следната. Масло на огнот додаде и Серџо Маркионе кој во меѓувреме изјави дека нема намера да вложува неограничени финансиски средства во Ф1 тимот.
Нико Хулкенберг беше единствениот возач на Форс Индија во топ десет пласманот, додека Серџо Перез беше над половина секунда побавен од неговиот тимски колега, забележувајќи го 14-тото најбрзо време. Џенсон Батон го имаше десетото најбрзо време, за влакно пред својот тимски колега.
При крајот на сесијата, сето внимание беше насочено кон Фернандо Алонсо, откако неговиот Мекларен запре на патеката, исто како и минатата година. Овој пат, наместо да најде столче и го подобри својот тен, се реши да научи нов занет, камерман.
Тркачкиот викенд во Бразил продолжува утре со третиот тренинг, 14:00 MK и Квалификациската сесија од 17:00 MK.
2016 БРАЗИЛ ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:12.271 41
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:12.301 + 0.030 40
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:12.761 + 0.490 47
4. Фелипе Маса Вилијамс 1:12.789 + 0.518 43
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:12.828 + 0.557 43
6. Макс Ферстапен Ред Бул 1:12.928 + 0.657 45
7. Себастијан Ветел Ферари 1:13.002 + 0.731 45
8. Кими Раиконен Ферари 1:13.047 + 0.776 24
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:13.299 + 1.028 42
10. Џенсон Батон Мекларен 1:13.440 + 1.169 19
11. Фернандо Алонсо Мекларен 1:13.572 + 1.301 18
12. Данил Квјат Торо Росо 1:13.689 + 1.418 46
13. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:13.801 + 1.530 47
14. Серџо Перез Форс Индија 1:13.918 + 1.647 38
15. Роман Грожан Хас 1:14.074 + 1.803 35
16. Кевин Магнусен Рено 1:14.109 + 1.838 47
17. Фелипе Наср Заубер 1:14.309 + 2.038 40
18. Естебан Окон Манор 1:14.317 + 2.046 46
19. Џолион Палмер Рено 1:14.436 + 2.165 43
20. Естебан Гутиерез Хас 1:14.558 + 2.287 42
21. Маркус Ериксон Заубер 1:14.695 + 2.424 21
22. Паскал Верлајн Манор 1:14.958 + 2.687 22
2014 - Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:12.123
2015 Нико Розберг - Мерцедес - АМГ 1:12.385
Кими VS Карлос... Под истрага...
Објавена возачката постава на ХАС...
Новата професија на Алонсо...

