Хамилтон го повлече првиот потег во Q3 сесијата забележувајќи време во првиот брз круг од 1:10.860 за привремената пол позиција, 0.162 секунди пред Розберг. Ферстапен беше трет, пред Ветел, Рикиардо, Раиконен, Алонсо и Хулкенберг. Перез и Грожан се решија да ги прескокнат овие први брзи круга.
Двајцата возачи на Мерцедес АМГ и главни претенденти за Титулата, Хамилтон и Розберг ги подобрија своите времиња и при второто излегување на патеката, но Британецот иако неговата предност се намали, остана на Пол позицијата со предност од само една десетинка пред својот тимски колега.
Зад нив, од првите шест возачи, само Раиконен успеа да го подобри своето време, за третата стартна позиција пред Ферстапен, Ветел и Рикиардо. Роман Грожан, излезе на патеката користејќи ја паузата помеѓу два брзи круга, беше осамен на асфалтот и стигна до одличната седма позиција за тимот на Хас, победувајќи ги Хулкенберг, Перез и Алонсо.
Себастијан Ветел беше во неволја пред квалификациите, а механичарите на Ферари работеа напорно за да го поправат системот за сопирање на неговиот болид, при што успеаа да го пратат на патеката по поминати пет минути од Q1 сесијата. Секоја дилема беше отстранета при првиот брз круг, забележувајќи време доволно за петта позиција и безбеден премин во Q2. Во оваа втора сесија изненадување беше испаѓањето на Џенсон Батон со Мекларен, кој имаше сили само за 17-тото најбрзо време пред Магнусен, Верлајн, Окон, Ериксон и Наср.
Изненадувачки, со оглед на темпото што го покажаа на сите тренинзи, двата возачи на Вилијамс не успеаа да ја поминат Q2 сесијата. На крајот од истата, Ботас падна на 11-тата позиција, додека Маса беше елиминиран со 13-то најбрзо време, зад Естебан Гутиерез, а пред Квјат, Саинц ЈР. и Палмер. Тоа беше добра вест за нивниот ривал во пласманот на конструктори, тимот на Форс Индија, кој со двата болиди се пласираше во најбрзите 10 возачи.
Трката за Големата Награда на Бразил започнува во 17:00 часот по македонско време.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БРАЗИЛ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:10.736
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:10.838 + 0.102
3. Кими Раиконен Ферари 1:11.404 + 0.688
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:11.485 + 0.749
5. Себастијан Ветел Ферари 1:11.495 + 0.759
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:11.540 + 0.804
7. Роман Грожан Хас 1:11.937 + 1.201
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:12.104 + 1.368
9. Серџо Перез Форс Индија 1:12.165 + 1.429
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:11.266 + 1.530
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:11.238
11. Валтери Ботас Вилијамс 1:12.420 + 1.182
12. Естебан Гутиерез Хас 1:12.431 + 1.193
13. Фелипе Маса Вилијамс 1:12.521 + 1.283
14. Данил Квјат Торо Росо 1:12.726 + 1.488
15. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:12.920 + 1.682
16. Џолион Палмер Рено 1:13.258 + 2.020
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:11.511
17. Џенсон Батон Мекларен 1:13.276 + 1.765
18. Кевин Магнусен Рено 1:13.410 + 1.899
19. Паскал Верлајн Манор 1:13.427 + 1.916
20. Естебан Окон Манор 1:13.432 + 1.921
21. Маркус Ериксон Заубер 1:13.623 + 2.112
22. Фелипе Наср Заубер 1:13.681 + 2.170
107% време: 1:15.817
Маса во интеракција со домашната публика...
Последни моменти од Q3...
Радио Кими-Ферари...
Најбрзите 10 ќе стартуваат на меки гуми...


