Тото Волф, Шефот на Мерцедес АМГ, го именуваше Бразилското Гран При, како "Шоу на Макс Ферстапен" по фантастичниот пробив низ поредокот на возачот на Ред Бул во завршните фази на трката. Ферстапен, заедно со тимскиот колега Даниел Рикиардо, испаднаа од топ 10 пласманот, кога коцката на Ред Бул, со интермедиа гумите не се исплати, па беа принудени да се вратат во бокс по гуми за дожд. Младиот Холанѓанец имаше сензационално возење кое ги остави сите со "подзинати" усти, кога од 16-тото место стигна до Подиумиот со серија на храбри претекнувања во само 16-те последни круга од трката. Тоа му донесе многу пофалби од сите во Ф1 падокот.
"Макс беше многу, многу импресивен", изјави Тото Волф по трката. "Тоа беше шоу на Ферстапен. Навистина неверојатно возење и голема забава. Нашиот резултат може да се оцени како еден од подобрите во оваа сезона, никој не може да очекува 1-2 Победа во вакви услови. Тоа е по заслуга на целиот тим, и треба да им се оддаде признание за тоа. Јас сум многу среќен со резултатот. Луис имаше беспрекорно возење, го имаше најдоброто темпо од сите, а Нико покажа својата смиреност за да остане на второто место."
Ники Лауда, исто така, го пофали Ферстапен: "Беше неверојатно да се гледа. Луис и Нико завршија добра добра трка, го дадоа својот максимум, додека Ферстапен беше извонреден. Беше неверојатно, начинот на кој ги претекна своите ривали во последниот стинт беше импресивен. Знаев дека момчето е добро, но тој уште еднаш им покажа на сите што може да направи."
ТОТО ВОЛФ: БРАЗИЛСКОТО ГП БЕШЕ ШОУ НА ФЕРСТАПЕН
11/15/2016 11:30:00 AM
0
Share to other apps

