Марк Вебер, официјално, со третото место на последната трка од FIA World Endurance шампионатот во Бахреин ja заврши својата активна кариера како возач во мотоспортот. На Вебер му беше дадена честа да го извози последниот 25 минутен стинт со тркачкиот автомобил на Порше со број 1 за да го види коцкестото знаме кое симболично би означило крај на неговата одлична тркачка кариера. Како подршка беа присутни неговиот сонародник, Даниел Рикиардо од тимот на Ред Бул, и неговиот татко, Алан.
40-годишниот Вебер, изјави: "Денес, бев втор и последен возач во автомобилот и сум прилично задоволен со двата стинта. Последниот стинт беше многу емотивен, ја извадив кацигата за последен пат. Уживав во последниот стинт и добив шанса да се искачам на победничкиот подиум. Денес, тоа беше нашиот максимум."
Во пресрет на финалната трка, тој претходно рече: "За мене, тоа беа неверојатни три години со Порше, заедно со Тимо и Брендон и целиот тим. Ништо не е вечно, ја завршувам мојата кариера во вистинскиот момент и јас со нетрпение очекувам наскоро, повторно да се видам со сите."
ОФИЦИЈАЛНО: МАРК ВЕБЕР ЈА ЗАВРШИ СВОЈАТА ТРКАЧКА КАРИЕРА
11/20/2016 11:06:00 PM
0
Share to other apps





