Луис Хамилтон вели дека тој очекува чиста борба со Нико Розберг за Шампионската Титула во Ф1 шампионатот, која ќе се одвива на патеката Јас Марина во Абу Даби. Актуелниот Шампион победи на последните три трки со што ја намали предноста на Розберг на 12 поени, со уште 25 можни за освојување до крајот.
Розберг со финиш на Победничкиот Подиум на неделната трка ја освојува својата Прва Шампионска Титула и ако Хамилтон ја обезбеди 10-тата победа во 2016 сезоната.
Оваа сезона возачите на Мерцедес АМГ на патеката се судрија во два наврати, на стартот од Шпанското ГП и во последниот круг од Австриското ГП, каде подебелиот крај го извлече Розберг и Британецот стигна до победата. Осврнувајќи се на следната трка Луис даде интересна изјава која според нас значи дека тој очекува фер борба од Розберг во дуелот со него, но останатите возачи слободно може да го предизвикаат дури и по цена на потежок инцидент.
"Јас во секоја трка очекувам ништо помалку од фер борба. Но, се разбира, низ историјата на Формула 1 може да видиме што некои возачи имаат направено. Имам високо мислење за него(Розберг) и мислам дека нема да направи такво нешто. Јас само треба да се осигурам дека ќе бидам пред него."
За да ја освои својата четврта титула, Хамилтон треба да победи и да се надева дека Розберг ќе финишира пониско од третото место. На патека на која тешко е да се замисли дека било кој друг тим може да го предизвика Мерцедес АМГ, речиси сигурно само механички дефект на болидот на Розберг му ја носи титулата на Хамилтон.
ХАМИЛТОН ОЧЕКУВА ФЕР БОРБА, АМА САМО ОД РОЗБЕРГ?!?
11/22/2016 09:12:00 PM
0
Share to other apps

