Мерцедес АМГ ја започна 2017 сезоната во препознатлив стил, за кој повеќето Ф1 фанови се надеваа дека ќе биде променет, Луис Хамилтон и новиот тимски колега Валтери Ботас на првите две места на табелата на крајот од првата тренинг сесија за Големата Награда на Австралија. Сепак тоа беа и единствените возачи кои се решија да извозат брзи круга на ултра-меката смеша на Пирели, додека останатите ги употребија само меките и супер-меките гуми.
Следуваше дуото на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Ферстапен со третото и четврто најбрзо време, заостанувајќи 0,6 т.е. 1 секунда зад Британецот, но на супер-меките гуми. Од Ферари се очекуваше, и според некои уште се очекува да извршат поголем притисок на Мерцедес АМГ, но нивните возачи, Кими Раиконен и Себастијан Ветел завршија со 5-то и 6-то најбрзо време на истата смеша на Пирели како и нивните колеги од Милтон Кејнс.
Во остатокот од најбрзите десет се најде по еден болид на Вилијамс со Фелипе Маса, Хас со Роман Грожан, Рено со Нико Хулкенберг и Серџо Перез со Форс Индија и заостанување од 2 секунди. Мекларен како што и се очекуваше повеќе имаа тест сесии отколку тренинг сесии, да го надоместат недостатокот од километража, но нивното темпо и издржливост се покажа проблематични и во текот на овој прв ден од Австралиското Гран При.
Чарли Вајтинг, тркачкиот директор на ФИА, изјави дека ќе биде разгледувана флексибилноста на новите T-крила, кои на некои болиди, особено тој на Хас, изгледаа дека ќе отпаднат во секој момент.
2017 АВСТРАЛИЈА ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:24.220 22
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:24.803 + 0.583 25
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:24.886 + 0.666 19
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:25.246 + 1.026 19
5. Кими Раиконен Ферари 1:25.372 + 1.152 15
6. Себастијан Ветел Ферари 1:25.464 + 1.244 10
7. Фелипе Маса Вилијамс 1:26.142 + 1.922 28
8. Роман Грожан Хас 1:26.168 + 1.948 19
9. Нико Хулкенберг Рено 1:26.183 + 1.963 15
10. Серџо Перез Форс Индија 1:26.276 + 2.056 28
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:26.450 + 2.230 24
12. Данил Квјат Торо Росо 1:26.514 + 2.294 25
13. Ленс Строл Вилијамс 1:26.734 + 2.514 28
14. Фернандо Алонсо Мекларен 1:27.116 + 2.896 17
15. Маркус Ериксон Заубер 1:27.348 + 3.128 29
16. Естебан Окон Форс Индија 1:27.656 + 3.436 22
17. Кевин Магнусен Хас 1:27.667 + 3.447 19
18. Паскал Верлајн Заубер 1:28.539 + 4.319 21
19. Џолион Палмер Рено 1:28.585 + 4.365 6
20. Штофел Вандрон Мекларен 1:28.695 + 4.475 13
2014 Фернандо Алонсо - Ферари - 1:31.840
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:29.557
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.725
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.220
Луис Хамилтон ја пренесе својата форма и на втората тренинг сесија и повторно го имаше најбрзото време, додека Себастијан Ветел заврши на второто место со повеќе од половина секунда заостанување зад Хамилтон на истите ултра-меки гуми. Валтери Ботас заврши на третото место, со неговиот сонародник Кими Раиконен зад него со уште четири десетинки заостанување, но пред возачите на Ред Булс, со Даниел Рикардо и Макс Ферстапен за заокружување на најбрзите шест возачи.
Втората тренинг сесија беше неколку пати прекинувана поради инциденти, од кои најсериозен беше тој на Џолион Палмер, кој се изврте на последниот свиок и заврши во бариерите покрај патеката. Болидот на Рено претрпе значителна штета, но се беше во ред со Британецот, кој мораше многу да објаснува на своите инженери што доведе до губење на контролата врз болидот.
Проблемите на Хас со прегревањето на нивните сопирачки сеуште не се решени, особено на болидот на Роман Грожан, па тој покрај неколкуте блокирања на предните тркала, заврши и во чакал покрај првиот свиок на патеката во Алберт Парк. Фелипе Маса со малку комплетирани круга поради проблеми со
Тинејџерска сензација од минатата сезона, Макс Ферстапен се префорсира при својот круг на ултра-меките гуми, изгуби контрола врз РБ13, па мораше да го крати 12-от свиок поминувајќи низ тревата и чакалот, при тоа оштетувајќи го подот на неговиот болид, па сесијата ја заврши со само 8 комплетирани круга. Друг возач кој не се изнавозе баш многу беше и Кевин Магнусен, кој имаше проблеми на својот VF17 поради истекување на вода.
На пет минути до крајот на вториот тренинг, излетување имаше и Маркус Ериксон кој со болидот на Заубер заврши во чакалот на првиот свиок, со што сесијата заврши под виртуелното безбедносно возило.
2017 АВСТРАЛИЈА ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:23.620 34
2. Себастијан Ветел Ферари 1:24.167 + 0.547 35
3. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:24.176 + 0.556 34
4. Кими Раиконен Ферари 1:24.525 + 0.905 30
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:24.650 + 1.030 27
6. Макс Ферстапен Ред Бул 1:25.015 + 1.393 8
7. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:25.084 + 1.464 34
8. Роман Грожан Хас 1:25.436 + 1.816 28
9. Нико Хулкенберг Рено 1:25.478 + 1.858 36
10. Данил Квјат Торо Росо 1:25.493 + 1.873 39
11. Серџо Перез Форс Индија 1:25.591 + 1.971 35
12. Фернандо Алонсо Мекларен 1:26.000 + 2.380 18
13. Естебан Окон Форс Индија 1:26.145 + 2.525 37
14. Фелипе Маса Вилијамс 1:26.331 + 2.711 5
15. Маркус Ериксон Заубер 1:26.498 + 2.878 29
16. Ленс Строл Вилијамс 1:26.525 + 2.905 27
17. Штофел Вандрон Мекларен 1:26.608 + 2.988 33
18. Паскал Верлајн Заубер 1:26.919 + 3.299 30
19. Кевин Магнусен Хас 1:27.279 + 3.659 8
20. Џолион Палмер Рено 1:27.549 + 3.929 4
Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.625
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:27.697
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:38.841
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:23.620









