На 12 Март 1947 година, Енцо Ферари го запали 125S, првиот автомобил кој го носи неговото име. Тест-возењето низ улиците на Маранело го означи почетокот на модерната историја на Ферари. Тогашната скромна фабрика брзо прерасна во една од најголемите меѓународно познати Произведено во Италија брендови. Сега, точно 70 години подоцна, на 12 Март 2017 година, Ферари започнува со официјална програма за да се прослави годишнината со која ретко кој може да се пофали. Направен е посебен веб-сајт кој ќе ја забележи целосната програма на прослави во текот на годината, како и клучните моменти и поединци во историјата на компанијата. Веб-сајтот www.ferrari70.com ќе биде активен од утре недела, 12 Март.
Некои од најважните моменти во историјата на Ферари:
1947 - Основањето на Ферари;
1950 - Ферари го има своето деби во Формула 1;
1958 - Мајк Хоторн станува Шампион во Формула 1 со Ферари 246 F1;
1962 - Презентација на 250 GTO, Победник на Меѓународниот Шампионат за GT производители во 1962, 1963 и 1964 година;
1964 - Џон Суртис станува Шампион во Формула 1 со Ферари 158 F1;
1967 - Три автомобили на Ферари - два P4s 330 и 412P - обезбедуваат спектакуларна 1-2-3 Победа на 24 часа Дејтона;
1968 - 365 GTB4 (Daytona) е претставен на Саемот за автомобили во Париз;
1969 - Фиат станува акционер во Ферари;
1972 - Официјално е отворена патеката Фиорано, тест патека на Ферари;
1975 - Ники Лауда станува Шампион во Формула 1 со Ферари 312Т;
1981 - Жил Вилнев ја обезбедува првата Победа со турбо Ф1 болид, Ферари 126К, во Монако;
1984 - Ферари Тестароса е претставен на Саемот за автомобили во Париз;
1987 - F40 дебитира на Франкфурт Мото Шоу;
1988 - 14 Август починува Енцо Ферари на возраст од 90 години;
1993 - Основан е првиот Шампионатот од страна на Ферари - Ferrari Challenge;
1998 - Отворен е нов GES воздушен тунел, дизајниран од Ренцо Пијано;
2004 - Ферари постави нов рекорд во Формула 1 со 6 последователни титули во пласман на конструктори и 5 во пласман на возачи;
2006 - Дебитира ексклузивната програма ХХ, создадена за да овозможи екстремни перформанси за топ клиенти;
2007 - Кими Раиконен и Скудерија Ферари се прогласени за Шампиони;
2013 - Започна со производство првиот хибриден модел на црното коњче - LaFerrari;
2015 - Ферари излегува на њујоршката берза;
2016 - LaFerrari Aperta е презентиран на автомобилскиот саем во Париз за одбележување на 70-годишнината на Ферари;
2017 - Најновиот член на семејството Ферари, 812 superfast, дебитира во Женева.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.