![]() |
Дали е возможно ова да биде глетката што возачите на Мерцедес АМГ ќе ја гледаат оваа сезона? |
Помошта ја бараме кај одреден број на новинари присутни во падокот на патеката Каталуња и кои имаат свои извори во самите тимови. Е сега и тие самите влечат кон тимот за кој имаат поголеми симпатии, Италијанците кон Ферари, Англичаните кон Хамилтон и Мерцедес АМГ, Германците некако се најнеутрални, освен кога се зборува за Ветел. Како и да е, ние ви ги пренесуваме нашите импресии потпомогнати со согледувањата на сите овие новинари од лице место.
Најнапред да ја разгледаме издржливоста на болидите, категорија во која Мерцедес АМГ е убедливо на врвот, ништо ново од минатата година, тоа е тимот кој помина најмногу километри на 8-те тест дена. Сите тимови кои ја користат Мерцедес ПЕ нема за што да се нервираат, нема да имаат поголеми проблеми од таа страна.
![]() |
Напредувавме, но Мерцедес АМГ е тимот што треба да се победи!!! |
Ова ниво на издржливот го нема кај болидите придвижувани од Рено ПЕ, а особено кај Мекларен и Хонда ПЕ. До некаде можеме да ги разбереме поради комплетно новиот дизајн на истите, но сепак тоа беше направено да бидат поиздржливи, а не уште повеќе да се расипуваат.
ВКУПНО КОМПЛЕТИРАНИ КРУГА ПО ТИМ
П. | ТИМ | КРУГА |
1. | Мерцедес АМГ | 1096 |
2. | Ферари | 956 |
3. | Вилијамс | 800 |
4. | Заубер | 788 |
5. | Форс Индија | 785 |
6. | Хас | 715 |
7. | Ред Бул | 684 |
8. | Рено | 597 |
9. | Торо Росо | 584 |
10. | Мекларен | 425 |
Издржливоста носи поени, но перформансите носат Победи. Ако ги гледаме забележаните времиња, работите изгледаат добро за Ферари (дежа ву од мината година) во поглед на чиста брзина.
КОМБИНИРАНИ РЕЗУЛТАТИ ПРВА+ВТОРА ТЕСТ СЕСИЈА
П. | ВОЗАЧ | К. | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Кими Раиконен | 365 | Ферари | 1:18.634 | / (СМ) |
2 | Себастијан Ветел | 591 | Ферари | 1:19.024 | + 0.390 (УМ) |
3 | Валтери Ботас | 628 | Мерцедес АМГ | 1:19.310 | + 0.676 (СМ) |
4 | Луис Хамилтон | 468 | Мерцедес АМГ | 1:19.352 | + 0.718 (УМ) |
5 | Фелипе Маса | 414 | Вилијамс | 1:19.420 | + 0.786 (УМ) |
6 | Макс Ферстапен | 374 | Ред Бул | 1:19.438 | + 0.804 (СМ) |
7 | Карлос Саинц ЈР. | 307 | Торо Росо | 1:19.837 | + 1.203(УМ) |
8 | Нико Хулкенберг | 314 | Рено | 1:19.885 | + 1.251 (УМ) |
9 | Даниел Рикиардо | 337 | Ред Бул | 1:19.900 | + 1.266 (УМ) |
10 | Серџо Перез | 349 | Форс Индија | 1:20.116 | + 1.482 (УМ) |
11 | Естебан Окон | 365 | Форс Индија | 1:20.161 | + 1.527 (УМ) |
12 | Џолион Палмер | 283 | Рено | 1:20.205 | + 1.571 (УМ) |
13 | Ленс Строл | 386 | Вилијамс | 1:20.335 | + 1.701 (УМ) |
14 | Данил Квјат | 277 | Торо Росо | 1:20.416 | + 1.782 (СМ) |
15 | Кевин Магнусен | 369 | Хас | 1:20.504 | + 1.870 (УМ) |
16 | Роман Грожан | 341 | Хас | 1:21.110 | + 2.476 (УМ) |
17 | Штофел Вандорн | 235 | Мекларен | 1:21.348 | + 2.714 (УМ) |
18 | Фернандо Алонсо | 190 | Мекларен | 1:21.389 | + 2.755 (УМ) |
19 | Маркус Ериксон | 445 | Заубер | 1:21.670 | + 3.036 (СМ) |
20 | Антонио Џовинаци | 151 | Заубер | 1:22.401 | + 3.767 (УМ) |
21 | Паскал Верлајн | 192 | Заубер | 1:22.418 | + 3.784 (М) |
22 | Алфонсо Селис | 71 | Форс Индија | 1:23.568 | + 4.934 (СМ) |
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки
Ме - Медиум
Сепак, ако ги земеме за точни шпекулациите дека Мерцедес АМГ, изминатите сезони тоа им беше традиција, вози со повеќе гориво од Ферари за време на тестирањето, тоа најверојатно ќе значи дека Мерцедес АМГ е најмалку еднаков на Ферари, но поверојатно е дека имаат резерва од две-три десетинки од секундата. Ќе биде чудо ако Ферари има толку голем напредок за сериозна борба со Мерцедес веднаш од првата трка, но наше право е да очекуваме чуда!!!
Секако сите овие анализи се релативни, но ние типуваме дека Мерцедес АМГ ќе има најмногу пласмани на Победничкото скалило, додека Ферари и Ред Бул, се тимовите кои најчесто ќе им прават друштво на Победничкиот Подиум за оваа 2017 сезона.
![]() |
Ферари изгледаат добро, но со нетрпение ја очекувам првата трка!!! |
Ред Бул заостануваше малку зад Вилијамс во поглед на чиста брзина на втората тест сесија, но тие мораа да ја користат Рено ПЕ со намалена моќност, како би осигурале заштита на кревкиот ЕРС-систем, но сите прогнозираат дека тие се третиот најбрз тим во реалноста. И повторно сите шпекулираат за нивни екстра перформанси во Мелбурн, каде тимот ќе го претстави првиот пакет на надградби на основната верзија на RB13 болидот.
Според повеќето аналитичари во падокот по овие три тима следуваат тимовите кои ќе се борат за пласман за средината од табелите. Нивното заостанување зад топ 3 тимовите е околу 1.5 секунди, и најверојатно ќе ги предводи тимот на Вилијамс.
За жал, тука нема место за Заубер и Мекларен, тим кој претрпе целосна катастрофа со новата Хонда ПЕ, која во овој момент произведува помалку КС од таа што ја развиваа до крајот од минатата сезона. Се проценува дека завршиле само 30% од планираната тест програма и ги очекува борба со тимот на Заубер за избегнување на последниот стартен ред на првата трка.
![]() |
Како можев на иста финта да се излажам по втор пат?!? |