Иако Мерцедес ги има повеќето најбрзи времиња досега, и најверојатно ќе биде тимот што треба да се победи, силното темпо на Ферари остави позитивни импресии на повеќето присутни на патеката Каталуња каде е во тек првата пред сезонска тест сесија. Тоа ги подгреа надежите дека тимот од Маранело ќе допринесе за што подобро шоу во 2017 Ф1 Шампионатот.
Ерик Булие, тркачкиот директор на Мекларен вели дека она што му оставило впечаток е формата на Ферари, секако покрај проблематичниот почеток за новата погонска единица на Хонда.
Кога новинарите го запрашаа какви се перформансите на нивните ривали, Булие се пошегува: "Па, тие се малку побрзи од нас... Очигледно, во овој момент тоа е тешко да се каже, затоа што не го знаеме нивото на гориво, а особено нивото на моќноста на моторот, за колку проценти е намалена, кај секој од тимовите."
"Но, можам да кажам, Ферари е изненадувањето на оваа сесија и повеќето луѓе не очекуваа тие да ги следат времињата на Мерцедес АМГ. Ред Бул се малку надвор од форма, но, како што напоменав никогаш не се знае нивото на гориво."
"Секој има свои тајни, сите ги менуваат плановите, па дури и инженерите во самите тимови се обидуваат да дознаат кој до каде е и кој што прави. Тоа не е лесно. Следната тест сесија би требало да ни открие малку повеќе за перформансите, но, дефинитивно ќе треба да почекаме до Австралија."
ЕРИК БУЛИЕ: ФОРМАТА НА ФЕРАРИ Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ
3/02/2017 11:42:00 AM
0
Share to other apps