Од Форс Индија стигна официјално соопштение во кое го претставија својот нов спонзор и со тоа речиси комплетно нова шема на бои за VJM10 во оваа 2017 Формула 1 сезона. Новиот договор е потпишан со Best Water Technology групацијата која нуди производи, услуги и системи за третман на водата, како вода за пиење, вода за фармацевтската индустрија, вода за греење, вода за ладење, вода за системите за климатизација, вода за базени.
2017 болидот ќе се трка во розова, пурпурна и сребрена боја за да го одбележи почетокот на долгорочните односи со оваа Австриска групација. Новите бои ќе го имаат своето деби на почетната трка од сезоната, т.е. Австралиското ГП во Мелбурн. Партнерството ќе биде надополнето и со розови кациги за Серџо Перез и Естебан Окон кои ќе го комплетираат уникатниот BWT розов болид.
Виџај Малја, шефот на Форс Индија, вели: "Доаѓањето на BWT во Формула 1 е голема вест и претставува едно од најзначајните партнерства во нашата десетгодишна историја. Тоа е знак за тоа колку далеку сме одминале како тим со нашите силни резултати и солидните комерцијални перформанси во текот на зимата. За 2017 година нашите болиди ќе имаат енергична нова шема на бои со смарт мат финиш. Истовремено, промената на бојата на нашите болиди е показател за силата на ова ново партнерство и вистинска изјава за намери од BWT за нивниот однос кој Ф1 мотоспортот."
ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ СО ТИМОТ НА ФОРС ИНДИЈА
3/14/2017 04:00:00 PM
0
Share to other apps

