Џок Клиар, Шефот на Ферари за тркачки операции, верува дека победа на Австралиското ГП самата си дошла во нивни раце, откако почетниот лидер, Луис Хамилтон, изгуби време зад Макс Ферстапен од Ред Бул.
"Мислам дека ние од почетокот на трката размислувавме дека имаме добро темпо и дека може да се обидеме да стигнеме до Победата. Првично нашата стратегија беше да бидеме први што ќе влезат во бокс, да се обидеме да го добиеме Хамилтон, но тој изненади со многу раната посета на своите механичари. Од тој момент ние отидовме на тактика да се задржиме што подолго на патеката како би можеле да го нападнеме на крајот. Но, тогаш Хамилтон заглави зад Ферстапен и Победата сама си дојде во наши раце."
Според него со победата на Ветел се прекина губитничката серија на Ферари од скоро година и половина, т.е. од трката во Сингапур во 2015 година, а чувството е прекрасно.
"Ова чувство е прекрасно, едноставно прекрасно, тоа ни донесе голема самодоверба за нашата напорна работа. Ова е толку силна страст. Тоа е она за што сите работиме напорно. Не само овие луѓе овде, туку и сите во Маранело. Во следните две недели, се до Кинеското ГП, каде ќе започнеме нова трка, ние ќе уживаме во овој момент и ќе излеземе уште посилни."
Имун на победата не остана нити Серџо Маркионе, Претседателот на Ферари и Фиат.
"Редно беше. Мило ми е за тимот и за нашите тифози кои беа со нас во текот на целиот овој период. Ние сите чекавме за оваа победа речиси една година и половина. Слушањето на Италијанската химна беше многу емоционално. Себастијан имаше одлична трка и јас сум сигурен дека Кими наскоро ќе биде на негово ниво и заедно ќе се борат за Победите."
"Се разбира, оваа победа е нешто што треба да се сподели со целиот тим, и на патеката и во Маранело, затоа што тимската работа е единствениот начин да се постигнат големи цели. Сепак, сега од апсолутно суштинско значење е да се запамети дека ова не е целна дестинација, туку само првиот чекор од долг пат што треба да се помине. Сите ние, секој ден, сме фокусирани на подобрување на нашиот болид."
ФЕРАРИ: ПОБЕДАТА САМА ДОЈДЕ ВО НАШИТЕ РАЦЕ
3/26/2017 06:25:00 PM
0
Share to other apps



