Во текот на вчерашниот ден, ФИА беше домаќин на состанок на кој се започнаа разговори за правецот како би се развивале Ф1 ПЕ по 2020 година до кога важат сегашните правила околу оваа тематика.
Состанокот се одржа во седиштето на Федерацијата, Париз, со него раководеше претседателот на ФИА, Жан Тод и на истиот присуствуваа претставници на сите засегнатите страни од Формула 1 Шампионатот, претставници на ФИА, новиот носител на комерцијалните права, тековните добавувачи на ПЕ, како и останати производители и независни снабдувачи кои во моментов не се вклучени во Ф1.
Состанокот резултираше со широк концензус за еволуцијата на Ф1 погонските единици, и тоа:
- да се одржи Ф1 како врв на мотоспорт технологијата, и како лабораторија за развој на технологија која е релевантна за патничките автомобили;
- идните ПЕ да бидат моќни, но многу поедноставни и поефтини за развој и производство;
- подобрување на звукот на ПЕ;
- да им се овозможи на возачите да им ја "вадат маста" на болидите во секое време.
Претседателот на ФИА, Жан Тод, изјави:
"Јас сум многу задоволен од процесот, како и фактот дека толку многу засегнати страни беа во можност да се договорат за насоката за развој на Формула 1 Шампионатот во една ваква важна техничка област. Се разбира, ние сега треба да седнеме и да работиме на фините детали за тоа како точно ќе изгледаат 2021 ПЕ, но ние добро започнавме и јас со нетрпение очекувам да работам низ овој процесот, од кој треба да излеземе со најдобрите одлуки за иднината на Формула 1."
Сегашните 1.6 литарски шестцилиндрични турбо хибридни погонски единици имаат важност до 2020 година. Произведуваат меѓу 900 и 1000 коњски сили, со 30% заштеда на потрошувачката на гориво во однос на моторите од претходната генерација, а воедно се приближуваат до 50% термичка ефикасност. Од 2021 година, може да се размислува за воведување на нова конфигурација на овие ПЕ.
ДАЛИ Ф1 ОД 2021 ЌЕ ДОБИЕ НОВИ ПОГОНСКИ ЕДИНИЦИ?!?
4/02/2017 03:48:00 PM
0
Share to other apps

