Ф1 тимовите веќе се во Кина во пресрет на втората трка од 2017 Формула 1 сезоната, која ќе се одвива на меѓународната патека Шангај. Кога парите се основно нешто во Формула 1 мотоспортот, Кинескиот пазар никако не може да биде одминат. Регионот на Шангај станува познат по мотоспорт трките, т.е. место каде се одвиваат повеќе мото настани од светски ранг, па градот генерира специфичен шарм на авто-културата со голем број потенцијални потрошувачи.
Меѓународната патека Шангај е како динамичен пејзаж, со својата огромна главна трибина и елиптичен Падок клуб, кој е преплетен со многу мостови, и со сигурност може да се каже дека е една од најубавите патеки во Ф1 Шампионатот. Во меѓувреме, изгледот на апартманите на тимовите во падокот е незгоден да се разбере како древна кинеска поговорка. Тие се поставени за да личат на "Шанг" кинеска буква, што значи "високо/над".
Првиот комплекс кривини на оваа патека е еден од најтешките во Ф1 Шампионатот и потребен е прецизен пристап и излез од нив. Започнува со вртење од 270 степени кон десно кое бара агресивен влез, кочење при целата кривина, за да на крај следи ненадејна промена на насоката. По оваа кривина следува серија на брзи кривини повторно правец и уште еден сет на кривини слични на тие од број 1 до 3, но во обратна насока.
Следува уште еден долг правец кој завршува со кривина од 180 степени, принудувајќи ги возачите да кочат од 315 до 65км/ч. Тоа воедно е едно од најдобрите места за претекнување.
Пирели за оваа трка ги номинираше истите три смеши, медиум, мека и супер-мека, како и на минатогодишната трка. Според нив временските услови во Шангај секогаш се непредвидливи, а тие имаат големо влијание врз однесувањето на гумите. За првите пет трки сите тимови на располагање имаат по седум сетови од најмеката, четири од средната и две од најтврдата смеша.
Околу 80% од кругот се свиоци, што значи дека дејството на страничните сили е клучен фактор. Возачите ќе треба да го избегнуваат пролизгувањето на задните тркала, со цел да се минимизира нивната деградација. Новите гуми на Пирели имаат значително помалку абење и пониска
деградација отколку нивните претходници, така што бројот од 66 пит-застанувања од минатата сезона, се очекува да биде помал во оваа 2017 сезона. Од друга страна, метеоролозите предвидуваат висока веројатност за дожд за време на викендот, поради што тоа може да стане ирелевантно.
Резултатите од Австралија го зголемија нивото на интерес за овој тркачки викенд. Убедливиот настап и победата на Ферари ги потврдија сомневањата, здобиени на пред-сезонските тест сесии, дека доминацијата на Мерцедес АМГ е под закана. Битката помеѓу црното коњче и сребрените стрели во Мелбурн, иако се реши преку боксевите, беше интересна. Сите се надеваат на нова и пожестока на Кинеското Гран При.
Луис Хамилтон е еден од најуспешните возачи на Кинеското ГП со четири победи и тоа во 2008, 2011, 2014, 2015 година, додека останати повеќекратни победници се само Фернандо Алонсо (2005, 2013) и Нико Розберг (2012, 2016). Од тековните возачи победници биле уште и Себастијан Ветел (2009) и Кими Раиконен (2007).
Ферари (2004, 2006, 2007, 2013) и Мерцедес АМГ (2012, 2014, 2015, 2016) се тимовите со по четири победи во Кина, една повеќе од Мекларен (2008, 2010, 2011). Рено е победник во 2005 година, додека тимот на Ред Бул ја забележа својата дебитантска Ф1 победа на оваа патека во 2009 година.
Пол позицијата се покажува како добитна предност за возачот кој стартува од неа, па бил Победник на 8 од 13 трки. Победа на Шумахер од 6-тата стартна позиција е забележана како победа од најниско место на гридот и една од само две победи забележана од парните стартни места, другата е на Раиконен од 2-рата позиција.
Тимот на Ферари доаѓа во Кина на првото место во пласманот на конструктори, каде за прв пат од Март месец 2014 година не се наоѓа тимот на Мерцедес АМГ. Патеката во Кина, и покрај тоа што е постојана патека, во споредба со Алберт парк, статистички е инфериорен индикатор за формата на тимовите.
Кинеското ГП е поместено на почетокот од сезоната од 2009 година, а од тогаш до минатата година, на осум одржани трки, шампионскиот тим успеал да забележи само три победи. За истата временска рамка, 2009-2016, шампионскиот тим во Австралија забележал пет победи.
НАЈАВА НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА КИНА
4/05/2017 05:38:00 PM
0
Share to other apps



