Лидерот во шампионатот, Себастијан Ветел лесно стигна до најбрзото време, но неговиот тимски колега, Кими Раиконен, успеа да комплетира само шест круга пред да откаже неговиот SF70-H поради прегревање во пределот на турбо полначот. Ништо невообичаено на температури во близина на 40-от степен Целзиусов. Даниел Рикиардо и Макс Ферстапен го имаа второто и трето најбрзо време со болидите на Ред Бул.
Вториот лидер во шампионатот на возачи, Луис Хамилтон, заврши со 10-то најбрзо време, додека Валтери Ботас беше 14-ти. Сепак, возачите на Мерцедес АМГ се решија своите најбрзи круга на меките гуми да ги забележат на почетокот од сесијата, време кога асфралтот на патеката Сахир беше со најмала количина на гума, а со тоа и премногу лизгав.
2017 БАХРЕИН ГП - ПРВ ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Себастијан Ветел Ферари 1:32.697 21
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:33.097 + 0.400 22
3. Макс Ферстапен Ред Бул 1:33.566 + 0.869 23
4. Серџо Перез Форс Индија 1:34.095 + 1.398 22
5. Фелипе Маса Вилијамс 1:34.246 + 1.549 24
6. Ленс Строл Вилијамс 1:34.322 + 1.625 25
7. Естебан Окон Форс Индија 1:34.332 + 1.635 23
8. Фернандо Алонсо Мекларен 1:34.372 + 1.675 14
9. Роман Грожан Хас 1:34.564 + 1.867 21
10. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.636 + 1.939 28
11. Данил Квјат Торо Росо 1:34.838 + 2.141 13
12. Нико Хулкенберг Рено 1:34.927 + 2.230 13
13. Штофел Вандрон Мекларен 1:34.997 + 2.300 10
14. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:35.002 + 2.305 27
15. Џолион Палмер Рено 1:35.068 + 2.371 19
16. Кевин Магнусен Хас 1:35.579 + 2.882 21
17. Маркус Ериксон Заубер 1:35.888 + 3.191 23
18. Паскал Верлајн Заубер 1:35.959 + 3.262 22
19. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:36.079 + 3.382 16
20. Кими Раиконен Ферари 1:42.333 + 9.636 6
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:37.502
2015 Кими Раиконен - Ферари - 1:37.827
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:32.294
2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:32.697
Ферарито на Кими откажа послушност...