Себастијан Ветел непосредно пред да започне долгиот стинт за симулација на трката, имаше застрашувачки момент кога неговиот болид имаше "комплетно исклучување" и застана на патеката. Според инженерите на Ферари неговата брза и исправна реакција,(ставање на менувачот во лер) му овозможи некако да се врати до својата гаража, каде што дефектот со електрониката беше поправен, па тој можеше да ја комплетира симулацијата на трка како што претходно е планирана.
Кими Раиконен по проблемите на утринската сесија и замената на ПЕ во неговиот болид, имаше добар настап со комплетирани 34 круга и четвртото најбрзо време. Тој заврши пред Мерцедесот на Луис Хамилтон, кој не успеа да забележи репрезентативно време на супер-меките гуми на Пирели. Во најбрзите десет возачи беа уште и Фелипе Маса, Макс Ферстапен, Роман Грожан и Данил Квјат. Утрешните Квалификации се закажани за 17:00 часот по македонско време.
2017 БАХРЕИН ГП - ВТОР ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Себастијан Ветел Ферари 1:31.310 29
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:31.351 + 0.041 35
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:31.376 + 0.067 28
4. Кими Раиконен Ферари 1:31.478 + 0.168 34
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:31.594 + 0.284 35
6. Нико Хулкенберг Рено 1:31.883 + 0.573 37
7. Фелипе Маса Вилијамс 1:32.079 + 0.769 37
8. Макс Ферстапен Ред Бул 1:32.245 + 0.935 18
9. Роман Грожан Хас 1:32.505 + 1.195 34
10. Данил Квјат Торо Росо 1:32.707 + 1.397 35
11. Кевин Магнусен Хас 1:32.854 + 1.544 33
12. Естебан Окон Форс Индија 1:32.875 + 1.565 38
13. Џолион Палмер Рено 1:32.876 + 1.566 38
14. Фернандо Алонсо Мекларен 1:32.897 + 1.587 31
15. Серџо Перез Форс Индија 1:33.319 + 2.009 34
16. Ленс Строл Вилијамс 1:33.361 + 2.051 36
17. Маркус Ериксон Заубер 1:33.944 + 2.634 34
18. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:34.072 + 2.762 5
19. Паскал Верлајн Заубер 1:34.117 + 2.807 29
20. Штофел Вандрон Мекларен 1:34.230 + 2.920 8
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.325
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:34.647
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:31.001
2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:31.310
Complete shutdown...