Q1
По првите забележани брзи круга на возачите на Мерцедес АМГ се виде дека денес тешко некој ќе ги победи за првиот стартен ред, а Луис Хамилтон делуваше сигурно и иташе кон неговата 7-ма последователна Пол позиција. Секако она што не интересира повеќе во оваа сесија е тоа кој ќе биде елиминиран. Прв возач што не помина понатаму, иако имаше многу добар прв сектор, беше Карлос Саинц ЈР., кој по 14 свиок по тимското радио јави дека неговата Рено ПЕ е готова. Неговото претходно забележано време беше доволно за П16, пред Штофел Вандорн, непријатното изненадување Серџо Перез со Форс Индија, Маркус Ериксон и Кевин Магнусен.
Q2
Некако станува традиција, возачите на Мерцедес АМГ да ја отвараат оваа втора сесија, па прво Ботас го забележа најбрзото време, кое беше подобрено од неговиот тимски колега, Луис Хамилтон. Себастијан Ветел беше трет пред Раиконен, Ферстапен и Рикардо.
Во зоната на испаѓање пред финалните брзи круга беа Роман Грожан, Естебан Окон, Верлајн, Ленс Строл и Фернандо Алонсо.
Французинот во тимот на Хас, Грожан, беше единствениот возач кој го подобри своето време и успеа да се пласира во финалната Q3 сесија.
Во овој дел од квалификациите се истакна и Џолион Палмер со болидот на Рено, и за прв пат во својата Ф1 кариера влезе во најбрзите 10 десет возачи.
Според тоа, 11-тата позиција му припадна на Данил Квјат, кој имаше мала грешка при последниот свиок што го чинеше збогување од понатамошниот тек на квалификациите. Позади него беа уште и Строл, Верлајн, Окон и Алонсо.
Шпанецот не постави време бидејќи Хонда ПЕ во неговиот болид се расипала при враќање во својата гаража во Q1.
Q3
Луис Хамилтон, беше возачот кој го имаше најбрзото време по првите брзи круга, пет стотинки пред својот тимски колега, Ботас. Ветел беше трет пред Раиконен, Ферстапен и Рикиардо.
Со оглед на текот од претходните две квалификациски сесии, се очекуваше Британецот во тимот на Мерцедес АМГ лесно да стигне до Пол позицијата, но со тоа не се сложуваше Ботас, кој при вториот брз круг успеа да го исцеди до максимум својот W08 и за забележи време за две стотинки подобро од тоа на трикратниот Ф1 Шампион.
Себастијан Ветел го забележа третото најбрзо време со Ферари, но со половина секунда заостанување зад Ботас. Рикиардо, во меѓувреме, успеа да го подбри за половина секунда своето време од првиот брз круг, што му овозможи четврта стартна позиција пред Раиконен и Ферстапен. Седмата позиција му припадна на Нико Хулкенберг од Рено, пред Фелипе Маса, Роман Грожан и Џолион Палмер.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:28.769
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:28.792 + 0.023
3. Себастијан Ветел Ферари 1:29.247 + 0.478
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:29.545 + 0.776
5. Кими Раиконен Ферари 1:29.567 + 0.798
6. Макс Фестапен Ред Бул 1:29.687 + 0.918
7. Нико Хулкенберг Рено 1:29.842 + 1.073
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:30.074 + 1.305
9. Роман Грожан Хас 1:30.763 + 1.994
10. Џолион Палмер Рено 1:31.074 + 2.305
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:29.535
11. Данил Квјат Торо Росо 1:30.923 + 1.388
12. Ленс Строл Вилијамс 1:31.168 + 1.633
13. Паскал Верлајн Заубер 1:31.414 + 1.879
14. Естебан Окон Форс Индија 1:31.684 + 2.149
15. Фернандо Алонсо Мекларен не пост. време
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:30.814
16. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:32.118 + 1.304
17. Штофел Вандорн Мекларен 1:32.315 + 1.499
18. Серџо Перез Форс Индија 1:32.318 + 1.504
19. Маркус Ериксон Заубер 1:32.543 + 1.729
20. Кевин Магнусен Хас 1:32.900 + 2.086
107% време: 1:37.171
2010 Себастијан Ветел, Ред Бул, 1:54.101
2011 /
2012 Себастијан Ветел, Ред Бул, 1:32.422
2013 Нико Розберг, Мерцедес АМГ, 1:32.330
2014 Нико Розберг, Мерцедес АМГ, 1:33.185
2015 Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:32.571
2016 Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:29.493
2017 Валтери Ботас, Мерцедес АМГ, 1:28.769
Последните моменти од Q3...





