Спортските прописи налагаа вкупно 25 тест дена, но за разлика од минатата година, сега ќе учествуваат сите тимови. Ова е овозможено како резултат на тоа што 2018 гумите на Пирели ќе се тестираат со помош на тековните боиди, без потреба од модифицирани болиди како минатата година.
Начинот на кој ќе се одвиваат сесиите останува идентичен на минатата година, така што тие се уште ќе биде "слепи" тестови, без тимовите и возачите да знаат точно кој тип на гуми ги имаат на своите болиди.
Осум патеки ќе бидат домаќини на оваа развојна програма и тоа Сахир, каде што Ферари ќе учествува со еден болид, потоа Барселона, Силверстоун, Magny- Cours, Хунгароринг (повторно веднаш по трката), Мексико и Интерлагос.
Исто така, ќе се одржи и еден тест на Пол Рикард, патека која има услови за вештачко навлажнување на асфалтот. Подолу е календарот тестот што е договорено со ФИА и тимовите:
П. ПАТЕКА ТИМ(ДЕНА)
1. Бахреин Ферари(1)
2. Барселона Рено(2)/Торо Росо(2)
3. Пол Рикард Ред Бул(2)
4. Пол Рикард Ред Бул(2)
5. Силверстоун Вилијамс(2)/Хас(2)
6. Мањи Кур Мекларен(2)
7. Хунгароринг Мерцедес АМГ(1)
8. Барселона Ферари(2)
9. Пол Рикард Мерцедес АМГ(2)
10. Мексико Заубер(2)/Форс Индија(1)
11. Интерлагос Мекларен(2)
П. ДАТА НАЧИН
1. 18/19 Април Суво/сезонски тест
2. 16/17 Мај Суво/по трка
3. 31 Мај/1 Јуни Влажно/самостоен
4. 29/30 Јуни Суво/самостоен
5. 18/19 Јули Суво/по трка
6. 19/20 Јули Влажно/самостоен
7. 1/2 Август Суво/сезонски тест
8. 3/4 Август Суво/самостоен
9. 7/8 Септември Суво/самостоен
10. 31 Окт./1 Ноември Суво/по трка
11. 14/15 Ноември Суво/по трка


