Себастијан Ветел имаше фрустрачки ден со многу поминато време во гаражата на Ферари. Во утринските часови, инженерите на овој тим откриле протекување на хидрауликата, поради што комплетираа само осум круга пред паузата за ручек. При второто излегување на патеката, нешто по 13 часот, беше утврдено дека телеметријата на болидот на Германецот не функционира, по што загубија дополнително време за отстранување на овој проблем. На крајот, Ветел успеа да комплетира пристоен број на круга во попладневните часови, забележувајќи го второто најбрзо време.
Вест на денот е бројот на комплетирани круга на Мекларен. Штофел Вандорн го забележа четвртото најбрзо време со брз круг во последните минути од сесијата, но она што охрабрува е бројот од 81 комплетирани круга. Хонда ПЕ издржа цел ден без повторување на проблемите со MGU-H единицата кои го упропастија целиот нивни тркачки викенд. Ерик Булие го прогласи овој ден за "најдобриот" од сите тест сесии одржани оваа година.
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ТЕСТ ДЕН
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:31.280 | / (143) |
| 2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:31.574 | + 0.294 (64) |
| 3 | Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:31.884 | + 0.604 (68) |
| 4 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:32.108 | + 0.828 (81) |
| 5 | Кевин Магнусен | Хас | 1:32.120 | + 0.840 (88) |
| 6 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:32.142 | + 0.862 (60) |
| 7 | Даниил Квјат | Торо Росо | 1:32.215 | + 0.933 (61) |
| 8 | Гери Пафет | Вилијамс | 1:32.253 | + 0.973 (126) |
| 9 | Сергеј Сироткин | Рено | 1:32.287 | + 1.007 (90) |
| 10 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:32.568 | + 1.288 (65) |
| 11 | Паскал Верлајн | Заубер | 1:34.462 | + 3.182 (91) |
| 12 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:35.015 | + 3.735 (70) |



