Париз беше местото каде Стратегиската Група за Формула 1, одржа состанок на кој присустуваа Претседателот на ФИА, Жан Тод, како и за прв пат, Чејс Кери, извршен директор на Формула групацијата, т.е. новиот сопственик на комерцијалните права за Ф1 Шампионатот.
На состанокот се договорени одредени корекции и дополнувања на техничките и спортски прописи за 2018 година, кои сега ќе бидат предадени на Советот на ФИА за Мотоспорт за одобрување:
1. По противењето од страна на голем број возачи и некои тимски шефови ХАЛО системот за дополнителна фронтална заштита кој требаше да се воведе од следната сезона се става на чекање, а предност ќе имаат решенијата во форма на "ветробранско стакло". ФИА има за цел да се спровeдат тестови на овој систем во текот на сезонските тест сесии и подготовка за негово имплементирање веќе од 2018 година.
2. Направени се промени во техничката регулатива за капакот што ја покрива ПЕ со цел забрана на перките и Т-крилата.
3. Ќе бидат преземени мерки за да се осигура дека маслото во ПЕ нема да се користи како гориво. Покрај тоа, само една спецификација на масло може да се користи за време на еден тркачки викенд.
4. На Пирели ќе им биде дозволено да ги развиваат 2018 гумите за влажно време со користење на една спецификација постари болиди и димензии на тркалата.
5. Во случај на периодот на црвено знаме за време на трка, истата ќе се продолжи со старт од место.
ИМИЊА И БРОЕВИ
На тимовите им биле дадени инструкции дека од трката за ГН на Шпанија, 12-14 Мај 2017 година, спортските прописи околу видливоста на имињата и броеви на возачите на болидите ќе бидат стриктно почитувани.
СОСТАНОЦИ НА СТРАТЕГИСКАТА ГРУПА
Од сега на состаноците на стратегиската група за Ф1 ќе бидат поканувани и претставници на тимови кои не се членки, покажувајќи ја решеноста на ФИА и носителот на комерцијалните права за подобрување на транспарентноста во овој спорт.
НОВ СЕТ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНА НА ПРАВИЛАТА
4/26/2017 03:26:00 PM
0
Tags
Share to other apps

