Себастијан Ветел, победникот на денешната трка во Монте Карло, негира дека до неа стигнал со помош на тимски наредби, т.е. со негово фаворизирање од страна на Ферари. Германецот успеа да го претекне својот тимски колега, Кими Раиконен, кој ја предводеше трката пред првиот и единствен пит-стоп, останувајќи пет круга подолго на патеката, но при тоа забележувајќи многу брзи круга.
"Не, не постоеше план за тимски наредби. Кога зборувавме за нашата стратегија пред трката се беше јасно, водечкиот болид добива приоритет, па и јас ако бев водечки во тој момент од трката, најверојатно ќе го направев истото, бидејќи тоа е обично она што сакате да го направите. Ова е еден од оние ретки моменти каде што подоцнежното запирање во бокс носи резултати. Денес работите одеа во моја корист и среќен сум со победата."
"Не постои причина да лажам, јас сум многу среќен. Но, јас можам да го разберам разочарувањето на Кими. Тој имаше добар прв стинт, но мора да се влезе во бокс, тој ја имаше предноста. Тогаш јас морав да го извадам максимумот од болидот и гумите, мене ме интересираа времињата на Ботас, и бев изненаден што можам да правам брзи круга. Не само што останав пред Ботас, туку ја добив и главната премија."
ВЕТЕЛ: НЕМАШЕ ТИМСКИ НАРЕДБИ НА ДЕНЕШНАТА ТРКА
5/28/2017 08:57:00 PM
0
Share to other apps



