Луис Хамилтон е загрижен дека разликата со Себастијан Ветел може да се зголеми на претстојните трки ако тој и Мерцедес АМГ не пронајдат решение за неговите проблеми со гумите на Пирели. Иако, изгледот на патеката во Монте Карло е уникатен, тој има одредени сличности со претстојните трки во Канада и Азербејџан.
"Со доаѓањето во Монако, мислев дека ќе имаме сериозно силни трки на патеки кои ми одговараат, но овој проблем со гумите е непознаница за нас, а следната трка се вози со истите смеши. Најголем проблем е ултра-меката, па, тоа е она што треба да се обидеме да го разбереме. Има толку многу различни подесувања, ние треба да ги погледнеме сите во обид да разбереме зошто едниот болид можеше да направи подобр круга, а другиот не. Јас дефинитивно ќе се посветам на тоа."
Валтери Ботас имаше слични проблеми, но, со идентично подесување како и Хамилтон, беше во можност да извлече повеќе перформанси од гумите и се квалификуваше само 0.054 делови од секундата од Пол позицијата. Тој вели дека проблемот произлегува од недостатокот на грип, поради што тешко се загревале предните гуми, но лесно се прегревале задните.
"Ние се бориме со балансот на нашиот болид, особено на многу бавните свиоци. Имаме проблеми со стабилноста на задниот дел, а кога тоа е случај нема енергија на предните гуми. Кога ќе го стабилизираме задниот дел, имаме поголема брзина низ свиоците, но тоа доведува до прегревање на предните гуми. Од некоја причина, се чини дека Ферари успева успешно да ги менаџира гумите и на двете оски, па затоа имаат подобри времиња од нас, барем во моментов."
Хамилтон е победник на 5 од последните 10 трки за Големата Награда на Канада, но вели дека разбирањето на ултра-меката смеша на Пирели ќе биде клуч за зголемување на овој скор.
"Дефинитивно ќе биде тешка трка. Штом ќе ја совладаме ултра-меката смеша, тогаш ќе бидеме во многу подобра позиција за да нападнеме со "undercut" стратегија и тоа е она што навистина ни треба. Изминативе години, Монтреал е големо ловиште за мене и јас планирам тоа да продолжи. Ние ќе работиме многу напорно во текот на следниве две недели за да го доведеме болидот во ред, за да бидеме сигурни дека ќе бидеме понапред од болидите на Ферари."
ВО МЕРЦЕДЕС АМГ ВЛАДЕЕ ЗАГРИЖЕНОСТ
6/01/2017 01:14:00 PM
0
Share to other apps



