Во Q1 сесијата, Мерцедес АМГ веднаш им стави до знаење на сите дека се дојдени да бидат први, при тоа поставувајќи ги двете најбрзи времиња. Сепак, Валтери Ботас и Луис Хамилтон, нивните времиња ги забележаа на ултра-меката смеша, додека Себастијан Ветел и Кими Раиконен со болидите на Ферари ја избраа супер-меката, што им ги донесе третото и деветтото место на табелата.
Сесијата имаше предвремен крај, откако Паскал Верлајн со болидот на Заубер заврши во бариерите покрај патеката при првиот свиок. Германецот при влез на истиот, излезе со тркалата на тревата, ја изгуби контролата и се што потоа можеше да направи е да го пушти воланот и види каде ќе го однесе инерцијата. Покрај него лоша прва сесија и за Ериксон, Магнусен, Вандорн и домашниот возач, Ленс Строл со болидот на Вилијамс.
Една стотинка беше разликата помеѓу најбрзото време и 4-тата позиција на табелата во Q2 сесијата. Повторно дуото на Мерцедес АМГ најбрзи, но овој пат Луис Хамилтон пред својот тимски колега, Ботас, следен од Раиконен, Ветел, Ферстапен и Рикиардо.
Фернандо Алонсо не можеше да го повтори својот најдобар квалификациски пласман од Големата Награда на Шпанија, т.е не успеа да го внесе својот Мекларен во најбрзите 10 возачи. Двата возачи на Торо Росо не беа задоволни од балансот на своите болиди, Шпанецот имаше извртување, додека Русинот заврши со дупната гума. Роман Грожан и Џолион Палмер, не можеа нити да помислат дека ќе се пласираат во Q3.
На почетокот од Q3 сесијата Луис Хамилтон забележа време од 1:11.791, најбрзиот извозен круг во историјата на патеката Жил Вилнев. Тоа беше време кои другите возачи требаше да го нападнат и само Себастијан Ветел, успеа да се доближи со заостанување од 0.004 делови од секундата, останатите беа далеку поназад.
Но, тоа како дополнително да го мотивираше Британецот и во своето второ излегување на патеката беше уште поимпресивен, забележа за цели три десетинки ново најбрзо време, 1:11.459. Себастијан Ветел се најде пред невозможна мисија да биде побрз, што на крај се покажа како точно и мораше да се задоволи со втората стартна позиција.
Валтери Ботас и Кими Раиконен ќе стартуваат од вториот ред, пред возачите на Ред Бул, кои го обезбедија третиот ред и тоа Макс Ферстапен пред Даниел Рикардо. Седмата позиција си ја обезбеди Фелипе Маса пред болидите на Форс Индија, Перез пред Окон, додека Нико Хулкенберг со Рено беше успех и што се пласираше во Топ 10 пласманот.
Големата Награда на Канада започнува утре, Недела, во 20:00 часот по македонско време. МТВ ќе врши пренос на својот Собраниски Канал!!!
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:11.459
2. Себастијан Ветел Ферари 1:11.789 + 0.330
3. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:12.177 + 0.718
4. Кими Раиконен Ферари 1:12.252 + 0.793
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:12.403 + 0.944
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:12.557 + 1.098
7. Фелипе Маса Вилијамс 1:12.858 + 1.399
8. Серџо Перез Форс Индија 1:13.018 + 1.559
9. Естебан Окон Форс Индија 1:13.135 + 1.676
10. Нико Хулкенберг Рено 1:13.271 + 1.812
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:12.496
11. Данил Квјат Торо Росо 1:13.690 + 1.194
12. Фернандо Алонсо Мекларен 1:13.693 + 1.197
13. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:13.756 + 1.260
14. Роман Грожан Хас 1:13.839 + 1.343
15. Џолион Палмер Рено 1:14.293 + 1.797
Q1 Најбрзо време: Валтери Ботас 1:12.685
16. Штофел Вандорн Мекларен 1:14.182 + 1.497
17. Ленс Строл Вилијамс 1:14.209 + 1.524
18. Кевин Магнусен Хас 1:14.318 + 1.633
19. Маркус Ериксон Заубер 1:14.495 + 1.810
20. Паскал Верлајн Заубер 1:14.810 + 2.125
107% време: 1:17.773
2014. Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:14.874
2015. Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:14.393
2016. Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:12.812
2017. Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:11.459
Кратки изјави на најбрзите тројца...

