Кими Раиконен го забележа најбрзото време на петочните тренинг сесии, воедно го имаше и најдоброто тркачко темпо на патеката Жил Вилнев во Канада, но вели дека овој резултат не е од големо значење.
Кими Раиконен: "Ништо се нема променето, денес го имам истиот став како и на било кој друг тркачки викенд. Ние работевме по редовна програма, ги правиме истите работи како и на останатите петочни сесии. Имаме добра почетна точка. Ние ќе се обидеме да пронајдеме уште поголема брзина за сабота, но да почекаме и да видиме."
"Помеѓу мене и Себастијан не постои напнатост по трката за Големата Награда на Монако. Учествуваме на исти трки, нормално кога имаме 1-2 Победа, не може двајцата да сме на врвот, мора некој да биде втор. Ништо посебно. Јас го изјавив истово ова во неколку наврати во текот на вчерашниот ден. Бев лут што завршив на второто место, но ми се чини дека таквите емоции се во ред."
КИМИ РАИКОНЕН: ИМАВ ДОБАР ПЕТОК, ДОБАР СТАРТ НА КАНАДСКОТО ГП
6/09/2017 11:08:00 PM
0
Share to other apps

