Ферари не се реши да вози на помеката смеша, па би требало да се очекува многу повеќе од нив. Од друга страна, она што паѓаше во очи на овој тренинг е што двајцата возачи на Италијанскиот тим имаа проблеми да останат на тркачката линија и имаа многу излетувања и промашени свиоци. Доколку не го подобрат балансот на нивниот болид, т.е. стабилноста при сопирање, ги очекува многу тежок викенд.
Во Мерцедес АМГ ги употребија супер-меките гуми на Пирели, но нивните времиња не се подобрија. Сепак, тоа беа моментите пред единственото црвено знаме по инцидентот на Серџо Перез.
Секако, да повториме, условите на првите тренинг сесии не се нити блиски со условите при Квалификациите и Трката, па затоа ќе почекаме на попладневниот тренинг, кој започнува во 15:00 часот, кога се очекува потопло време и порепрезентативни услови на Баку уличната патека.
2017 АЗЕРБЕЈЏАН ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГA
1. Макс Ферстапен Ред Бул 1:44.410 19
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:44.880 + 0.470 22
3. Себастијан Ветел Ферари 1:44.967 + 0.557 20
4. Серџо Перез Форс Индија 1:45.398 + 0.988 16
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:45.497 + 1.087 16
6. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:45.737 + 1.327 19
7. Естебан Окон Форс Индија 1:45.752 + 1.342 24
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:45.968 + 1.558 25
9. Кими Раиконен Ферари 1:46.000 + 1.590 18
10. Данил Квјат Торо Росо 1:46.617 + 2.207 11
11. Ленс Строл Вилијамс 1:46.649 + 2.239 28
12. Кевин Магнусен Хас 1:46.721 + 2.311 23
13. Роман Грожан Хас 1:46.837 + 2.427 22
14. Нико Хулкенберг Рено 1:47.217 + 2.807 21
15. Штофел Вандорн Мекларен 1:47.446 + 3.036 22
16. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:47.501 + 3.091 13
17. Фернандо Алонсо Мекларен 1:47.551 + 3.141 20
18. Џолион Палмер Рено 1:48.525 + 4.115 15
19. Паскал Верлајн Заубер 1:49.048 + 4.638 19
20. Маркус Ериксон Заубер 1:49.937 + 5.527 21
Серџо Перез покажа колку многу чини и најмалата грешка на оваа патека...
Болидот на Ферари беше екстремно нестабилен...




