Луис Хамилтон по прашањето дали има шанса за преселба во Ферари, по истекување на неговиот сегашен договор со Мерцедес АМГ:
"Тоа не е нешто што јас во моментов размислувам, сега размислувам како да се победи Ферари."
"Инаку, не е тајна дека сум голем фан на тимот, јас сум голем фан на Ферари и она што го постигнале во историјата на мотоспортот, па дури и во нормалниот свет во однос на автомобилите што ги прават. Кој знае што носи иднината. Навистина уживам во борбата со Ферари и се восхитувам на нивните годинешни перформанси."
Кими Раиконен по прашањето на Шампионската Титула:
"Приоритет на Ферари е Шампионската Титула. Ќе му помогнам на Себ да ја освои, ако математички не сум во позиција да ја освојам самиот."
Себастијан Ветел и социјaлните мрежи:
"Јас едноставно не ja разбирам потребата зошто постојано треба да им кажете на сите што правите, каде сте, со кого сте. Едноставно ја немам оваа потреба, но во исто време не ги обвинувам луѓето ако постојано зборуваат за себе. Мислам дека пораснав во една генерација која беше прилично срамежлива да се фотографира или да се гледа себеси. Луѓето доаѓаат и велат, може ли да се сликаме и одеднаш повторно ги нема."
"Понекогаш прашувам што правите со фотографиите, а најчестиот одговорот е - Не знам. Други кажуваат дека им е потребна фотографија за да докажат на своите пријатели дека навистина ме сретнале. Како може да нарекувате некого пријател, ако не ви верува! Морам да признаам дека многу повеќе ужувам во ракување и мал разговор, отколку селфи набрзина."
Фернандо Алонсо околу моќта на Мекларен-Хонда:
"Мислам дека дефицитот на нашиот болид во Баку ќе биде повеќе од две и пол секунди или три секунди на правците."
Роман Грожан верува дека е во добра позиција да биде возач на Ферари, ако се ослободи место, но вели дека никој не знае како ќе изгледа возачката постава за 2018 година:
"Ако има можност, слободно место кај нив, тогаш верувам дека сум во добра позиција, но тоа не мора да значи ништо".
ХАМИЛТОН ФАН НА ФЕРАРИ, ВЕТЕЛ НЕМА ПОТРЕБА ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
6/22/2017 08:08:00 PM
0
Tags
Share to other apps





