Дали ова значи дека Ред Бул го има најбрзиот болид е невозможно да се заклучи, односно вистинската форма на тимовите е многу тешко да се процени поради големиот број на инциденти, промашени свиоци и многубројните жолти знамиња.
Најголемиот инцидент за црвено знаме го имаше Џолион Палмер, кој со болидот на Рено сакаше да го имитира инцидентот на Серџо Перез од минатата сесија.
Последици од овој инцидент имаше за Луис Хамилтон кој финишираше 1.1 секунди од времето на Верстапен, со време поставено на меките гуми на Пирели, додека стинтот на супер-меките гуми беше нарушен од страна на Џолион Палмер.
Од таа причина речиси е невозможно да се одбере фаворит за утрешните квалификации, иако малку во предност би требало да биде тимот на Мерцедес АМГ, но се може да се очекува. Се надеваме дека ова е вистинската форма на Ред Бул и ќе имаме борба помеѓу 6 болиди за Пол позицијата.
Фернандо Алонсо повторно со чад од неговиот болид и тој ја заврши неговата сесија 30 минути пред финишот извикувајќи нервoзно "engine, engine" по тимското радио. Мекларен подоцна појасни дека проблем бил менувачот.
Возачот на Хаас, Роман Грожан, со незгодна сесија за него и последното место на табелата. Постојано излетуваше надвор од патеката, и по неколку пати при 3 и 8 свиок, и постојано ја искажуваше својата фрустрација поради перцепираниот проблем со сопирачките на тимското радио.
2017 АЗЕРБЕЈЏАН ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГA
1. Макс Ферстапен Ред Бул 1:43.362 36
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:43.462 + 0.100 32
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:43.473 + 0.111 34
4. Кими Раиконен Ферари 1:43.489 + 0.127 35
5. Себастијан Ветел Ферари 1:43.615 + 0.253 35
6. Ленс Строл Вилијамс 1:44.115 + 0.751 34
7. Серџо Перез Форс Индија 1:44.306 + 0.944 27
8. Данил Квјат Торо Росо 1:44.321 + 0.959 34
9. Естебан Окон Форс Индија 1:44.484 + 1.122 37
10. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:44.525 + 1.163 23
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:44.609 + 1.247 33
12. Фернандо Алонсо Мекларен 1:45.515 + 2.153 13
13. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:45.733 + 2.371 34
14. Кевин Магнусен Хас 1:45.831 + 2.469 33
15. Нико Хулкенберг Рено 1:46.003 + 2.641 29
16. Џолион Палмер Рено 1:46.061 + 2.699 17
17. Штофел Вандорн Мекларен 1:46.174 + 2.812 28
18. Паскал Верлајн Заубер 1:47.150 + 3.788 25
19. Маркус Ериксон Заубер 1:47.347 + 3.985 25
20. Роман Грожан Хас 1:47.722 + 4.360 22
Макс Ферстапен на крај ја зафркна работата...
Џолион Палмер го имитира Серџо Перез...




