Ферари успеа да го обезбеди вториот стартен ред, но со огромно заостанување зад најбрзото време, воедно Кими Раиконен успеа да биде подобар од Себастијан Ветел околу две десетинки од секундата.
Добрата форма на Ред Бул на оваа патека не донесе многу за нив, само 5-тата позиција за Макс Ферстапен, и последна 10-та за Даниел Рикиардо по судирот со бариерите во Q3 сесијата.
За добар пласман во Баку не треба само сирова брзина, туку многу среќа и паметно возење. Поради потенцијално многу излегувања на безбедносното возило, виртуелното безбедносно возило, црвени знамиња, многу жолти знамиња, утре ќе има добар пласман оној тим кој ќе ја има најфлексибилната стратегија. Стартот на трката е закажан за 15:00 часот по македонско време.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:40.593
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:41.027 + 0.434
3. Кими Раиконен Ферари 1:41.693 + 1.100
4. Себастијан Ветел Ферари 1:41.841 + 1.248
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:41.879 + 1.286
6. Серџо Перез Форс Индија 1:42.111 + 1.518
7. Естебан Окон Форс Индија 1:42.186 + 1.593
8. Ленс Строл Вилијамс 1:42.753 + 2.160
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:42.798 + 2.205
10. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:43.414 + 2.821
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:41.275
11. Данил Квјат Торо Росо 1:43.186 + 1.911
12. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:43.347 + 2.072
13. Кевин Магнусен Хас 1:43.796 + 2.521
14. Нико Хулкенберг Рено 1:44.267 + 2.992
15. Паскал Верлајн Заубер 1:44.603 + 3.328
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:41.983
16. Фернандо Алонсо Мекларен 1:44.334 + 2.351
17. Роман Грожан Хас 1:44.468 + 2.485
18. Маркус Ериксон Заубер 1:44.795 + 2.812
19. Штофел Вандорн Мекларен 1:45.030 + 3.047
20. Џолион Палмер Рено без пост. време
107% време: 1:49.122
Болидот на Ферари не ја сака оваа патека...



