Повеќето возачи ја започнаа сесијата на Супер-меките гуми на Пирели, за потоа да се префрлат на Ултра-меките, тестирајќи ги нивните можности во квалификациски и стинтови кои симулираа тркачко темпо.
За квалификациите, слично на Монако, ќе бидат потребни неколку круга, како ултра-меките би ја постигнале оптималната работна температура.
Сесијата изобилуваше со извртувања на патеката, а како по обичај најмногу, три во текот на сесијата, ги имаше Роман Грожан со болидот на Хас. Вакви инциденти имаа Штофел Вандорн, Валтери Ботас, Себастијан Ветел, Данил Квјат и Серџо Перез. Причина лизгав и многу правлив асфалт на патеката во Монтреал.
Нико Хулкенберг и Маркус Ериксон пак имаа блиска средба со бариерите, но без посериозни последици.
На почетокот Даниел Рикиардо се пожали на губење на моќта од Рено ПЕ, влезе во својата гаража и повеќе не се врати на патеката. Во неговиот болид ќе се вградува нова ПЕ.
Единственото црвено знаме го предизвика неговиот тимски колега, Макс Ферстапен, кој го запре својот болид на патеката, откако наеднаш ја изгуби моќта од неговата Рено ПЕ, но според механичарите на Ред Бул кај него проблем е менувачот. Возачите мораше да ги прекинат своите долги стинтови и за кратко да се вратат во своите гаражи.
Кога сме кај симулациите на трка, најдоброто темпо исто така го имаше Кими Раиконен, додека Луис Хамилтон и покрај неколкуте побрзи круга имаше значителни осцилации во своето тркачко темпо.
Следува Саботниот тренинг и Квалификациите во 19:00 часот по наше време.
2017 КАНАДА ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Кими Раиконен Ферари 1:12.935 41
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:13.150 + 0.215 41
3. Себастијан Ветел Ферари 1:13.200 + 0.265 41
4. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:13.310 + 0.375 42
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:13.388 + 0.453 25
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:14.063 + 1.128 38
7. Фернандо Алонсо Мекларен 1:14.245 + 1.310 19
8. Естебан Окон Форс Индија 1:14.299 + 1.364 46
9. Данил Квјат Торо Росо 1:14.461 + 1.526 38
10. Серџо Перез Форс Индија 1:14.501 + 1.566 41
11. Роман Грожан Хас 1:14.566 + 1.631 33
12. Нико Хулкенберг Рено 1:14.604 + 1.669 38
13. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:14.621 + 1.686 43
14. Кевин Магнусен Хас 1:14.676 + 1.741 35
15. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:15.072 + 2.137 8
16. Џолион Палмер Рено 1:15.127 + 2.192 40
17. Ленс Строл Вилијамс 1:15.240 + 2.305 40
18. Маркус Ериксон Заубер 1:15.611 + 3.676 31
19. Штофел Вандорн Мекларен 1:15.624 + 3.689 20
20. Паскал Верлајн Заубер 1:16.308 + 3.373 31
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:16.118
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:15.988
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:14.212
2017 Кими Раиконен - Ферари - 1:12.935
Макс Ферстапен со проблеми...



