Големата Награда на Франција се враќа на патеката Пол Рикард, која се наоѓа во јужниот дел на Франција, во близина на Марсеј. Последен пат оваа патека беше домаќин на Ф1 трка во 1990 година, за потоа Француското ГП да се пресели на патеката Magny-Cours, пред конечно да биде исфрлена од календарот пред осум години.
Веста за нејзиното враќање по долго отсуство претставува поттик за традиционалните Европски трки, во моменти кога долгорочната иднина на повеќето од нив останува неизвесна. Исто така, следната сезона се враќа и Германското ГП, кое ќе се одржи на патеката Хокенхајм.
Бројот на трки во 2018 сезоната се зголемува на 21:
| 1. Австралија | 25 Март | Мелбурн |
| 2. Кина | 8 Април | Шангај* |
| 3. Бахреин | 15 Април | Бахреин |
| 4. Азербеџан | 29 Април | Баку |
| 5. Шпанија | 13 Мај | Барселона |
| 6. Монако | 27 Мај | М.Карло |
| 7. Канада | 10 Јуни | Монтреал |
| 8. Франција | 24 Јуни | Пол Рикард |
| 9. Австрија | 1 Јули | Шпилберг |
| 10. Британија | 8 Јули | Силверстоун |
| 11. Германија | 22 Јули | Хокенхајм |
| 12. Унгарија | 29 Јули | Хунгароринг |
| 13. Белгија | 26 Август | СПА |
| 14. Италија | 2 Септември | Монца |
| 15. Сингапур | 16 Септември | Сингапур* |
| 16. Русија | 30 Септември | Сочи |
| 17. Јапонија | 7 Октомври | Сузука |
| 18. Америка | 21 Октомври | Остин |
| 19. Мексико | 28 Октомври | Мексико Сити |
| 20. Бразил | 11 Ноември | Сао Пауло |
| 21. Абу Даби | 25 Ноември | Абу Даби |

