МОНИША КАЛТЕНБОРН И ЗАУБЕР СЕ РАЗДЕЛИЈА
6/22/2017 10:45:00 AM
0
Со кратко официјално соопштение, потпишано од Паскал Пици, Претседател на одборот на Заубер Групацијата, беше објавено дека со заедничка согласност и поради различните гледишта за иднината на компанијата, Мониша Калтенборн веднаш ќе ги напушти своите позиции во Заубер. Тие се заблагодаруваат за нејзиното долгогодишното силно водство, голема страст кон Тимот на Заубер Ф1 и и посакуваат се најдобро во иднина. Нејзиниот наследник ќе биде објавен наскоро.
Tags
Share to other apps

