За седмата трка од 2017 Шампионатот, Формула 1 карванот се сели во Монтреал, Канада, каде што годинава се одбележува 50-годишен јубилеј од пристигнувањето на онајпопиларниот мото-спорт во овој дел од Северно-Американскиот континет, првично на мотоспорт патеката во Онтарио. По една деценија на трки таму и на Мон-Тремблан во Квебек, Големата Награда на Канада си најде трајно и енормно популарно место на одржување во Монтреал, на патеката Жил Вилнев и е шеста на листата на најпосетени патеки од Ф1 календарот, само во сенка на легендарните Нирбургринг, Спа-Франкоршамп, Силверстоун, Монако и Монца.
Патеката е интересена мешавина на долги, брзи правци и бавни свиоци. Пирели ги носи меките, супер-меките и ултра-меките гуми, т.е. смешите со низок работен опсег, што ги прави совршени за оваа полу-постојана патека, која не се користи интензивно во текот на годината. За што побрзи круга ќе биде потребно време таа да се гумира, што ќе го подобри грипот на болидите.
Во Монтреал, особено се оптоварени задните гуми и многу е лесно возачите да предизвикаат пролизгување на тркалата, ако премногу притиснат на педалата за гас, а тоа е особено опасно при последниот свиок каде се наоѓа добро познатиот "ѕид на шампионите".
Заедно со Сингапур и Монако, Канада има многу висока веројатност за безбедносниот автомобил. Ова е една од причините зошто флексибилна стратегија често дава добри резултати. Безбедносниот автомобил може да го промени текот на трката во целост, но за разлика од трката во Монако, оваа патека има многу повеќе можности за престигнување.
Себастијан Ветел во Монтреал пристигнува со 25 поени предност пред Луис Хамилтон во Шампионатот на возачи, но ова е патека на која возачот на Мерцедес АМГ е супериорен, тоа е една од трите патеки на кои Британецот има забележано по 5 Победи. Останатите се патеките Шангај и Хунгароринг. По малерот во Монте Карло, тој се недева дека овој викенд статистиката ќе биде во негова корист.
Во шампионатот на конструкторите, еден-два победата на Ферари во Монако им донесе предност од 17 поени во однос на Мерцедес АМГ.
Трката е закажана за Недела, 20:00 MK, Квалификациите, Сабота во 19:00 МК, а петочните тренинг сесии кои исто така се одржуваат во попладневните часови по Македонско време ќе ни доловат дали нешто е променето во односот на силите.
50 ГОДИНИ ГОЛЕМА НАГРАДА НА КАНАДА
6/08/2017 04:39:00 PM
0
Share to other apps



