Формула 1 се сели во Баку, каде по прв пат ќе се вози Големата Награда на Азербејџан. Тоа е најбрзата улична патека што некогаш била во Ф1 календарот. Баку уличната патека со своите шест километри е втора по должина на кругот во сегашниот календар, веднаш зад СПА-Франкоршамп. Најдобро и реално остварливо место за претекнување е првиот свиок.
Нити тимовите, нити возачите немаат големо искуство со патеката, па затоа би требало да очекуваме многу акција на тренинг сесиите. Баку уличната патека претставува необичен спој на претежно бавни свиоци, за кои е потребна слична конфигурација на потисната сила како во Монако, и многу долги правци, на кои нивото на потисната сила е слично на Монца. Останува на тимовите да го пронајдат оптималниот сооднос на овие две екстремно спротивни конфигурации во однос на потисната сила.
Баку е патека која умерено ги оптеретува сопирачките, но, за инженерите, потежок е предизвикот на нивно ладење. Патеката бара високо ниво на ладење, со многу точки на сопирање и многу кратки интервали за ладење помеѓу нив, но премногу ладење ќе ги остави сопирачките студени на влез во првиот свиок по долгиот правец и единствената добра шанса за претекнување може да биде упропастена.
По две трки на најмеките смеши, од Пирели се решија да преминат едно скалило кон потврдите гуми, со номинирање на медиум, меките и супер-меките гуми. Како што се очекуваше, повеќето возачи избраа да ја избегнуваат медиум смешата, при што 16 од вкупно 20 го одбраа само едниот задолжителен сет. Секој има најмалку осум сетови од супер-меките гуми, додека пет возачи одбраа девет и дуото на Мекларен со по 10 сета од цврените гуми. Комплетниот избор по возач го имате подолу во постот, на фотографиите.
Минатата година, по квалификациите, тимот на Вилијамс објави дека нивната телеметрија покажала дека Валтери Ботас, достигнал 378 км/ч на главниот правец, што претставува најголема регистирана брзина во текот на еден Формула 1 тркачки викенд. Брзините забележани за време на трката беа побавни, а најбрз беше Луис Хамилтон со 364.4 км/ч.
На врвот на табелите во генерален пласман на возачи и конструктори се одвива битката меѓу Ферари и Мерцедес АМГ, и Себастијан Ветел и Луис Хамилтон. Германецот во моментов има предност од 12 поени пред Хамилтон, додека пак Мерцедес АМГ, по еден-два Победата во Канада, повторно се врати на првото место во шампионатот на конструктори, со осум поени предност пред Ферари. На последните неколку трки Ферари се покажа подобар на побавните патеки, додека од Мерцедес АМГ беа подобри на брзите патеки. Патеката во Баку е мешавина од двете, па може да очекуваме интригантна битка на асфалтот.
НАЈАВА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АЗЕРБЕЈЏАН
6/22/2017 11:58:00 AM
0
Share to other apps



