Изминатите два дена во Женева состанок имаше Стратегиската Група на ФИА за Формула 1 мотоспортот, на кој за првпат учествуваа сите Ф1 тимови кои се натпреваруваат во шампионатот. Клучни теми кои беа дискутирани на оваа последна средба се:
ФРОНТАЛНА ЗАШТИТА НА КОКПИТОТ
По едногласната согласност на Стратегиската група, во јули 2016 година, да се воведе дополнителна фронтална заштита за Формула 1 и постојаната поддршка од возачите, ФИА го потврдува воведувањето на ХАЛО-системот за 2018 година. Со поддршка на тимовите, одредени карактеристики на неговиот дизајн ќе бидат дополнително подобрени. Имајќи развиено и евалуирано голем број уреди во текот на изминатите пет години, стана јасно дека Хало е најдоброто решение со севкупни безбедносни перформанси. (Неофицијално на овој состанок, за разлика од тој во 2016, 9 од 10 Ф1 тимови гласале ПРОТИВ, но ФИА им рекла дека секако ќе биде воведен).
2021 ПОГОНСКИ ЕДИНИЦИ
Во текот на летото ќе бидат извршени понатамошни анализи, кои ќе бидат разгледани на следниот состанок на Стратегиската група во септември.
КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ
Беше презентиран нов пристап кон контрола на трошоците, кој доби едногласна поддршка. Ќе биде составена посебна работна група од претставници на носителот на комерцијалните права, ФИА и тимовите која ќе има задача да изнајде иновативни решенија со цел да се осигура дека спортот останува одржлив во наредните години.
ПОДОБРУВАЊЕ НА ШОУТO
Беа дискутирани голем број спортски мерки за подобрување на шоуто, за кои ќе се спроведат конкретни студии за нивна проценка. (Решение - Направете ЕКСТРЕМНО ГРДИ болиди).
СЛЕДНАТА СЕЗОНА Ф1 ЌЕ ГИ ИМА НАЈГРДИТЕ БОЛИДИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
7/19/2017 08:52:00 PM
0
Tags
Share to other apps

