Тоа значи дека Британецот ја намали предноста на Ветел во генералниот пласман на возачи на само еден поен.
Кими Раиконен стигна до третото место, по драматичните неколку последни круга за тимот на Ферари, за време на кои двајцата нивни возачи имаа дупната предна лева гума. Себастијан Ветел на крај со само седмо место.
Уште за време на загревачкиот круг останавме без еден болид на Рено, тој на Џолион Палмер, поради проблеми со сопирачките. Британецот мораше да се паркира во тревата покрај патеката, па Чарли Вајтинг се одлучи за дополнителен загревачки круг додека се отстрани неговиот болид.
Кога На стартот, Луис Хамилтон по првиот свиок го задржа водството под притисок на Кими Раиконен, но Ветел беше претекнат од Ферстапен. Првите неколку свиоци беа буквално преплавени од болиди на сите делови од асфалтот. Валтери Ботас, во меѓувреме, од деветтата позиција стигна до седмото место во овој дел од патеката.
Поназад на гридот, проблеми и нетрпеливост помеѓу возачите на Торо Росо, кога Карлос Саинц ЈР. се обиде да го претекне својот тимски колега Даниел Квјат. Русинот отиде прешироко, излезе надвор од патеката и при повторното враќање назад се судри со Саинц ЈР., оштетувајќи го болидот на Шпанецот, за кого трката беше завршена.
Квјат подоцна, за овој инцидент, беше казнет од стјуардите со возење по пит-линијата. Следуваше краток период на безбедносно возило, за да бидат отстранети сите остатоци од карбон на патеката.
По четвртиот круг, кога се повлече безбедносното возило, поредокот беше Хамилтон пред Раиконен, Ферстапен и Ветел. Во меѓувреме, Ботас ги имаше престигнато Естебан Окон и Нико Хулкенберг за петтото место, а неговата следна цел беше Ветел, кој беше задржуван од Ферстапен.
Да го споменеме и Даниел Рикиардо, кој стартуваше од 19-тата позиција, по казните поврзани со ПЕ, и беше 14-ти пред влегувањето на БВ. По рестартот напредуваше уште две места, но при обидот да го претекне Роман Грожан, Австралијанецот беше изтуркан надвор од патеката, по што повторно падна на 18-тото место.
Во овој период на трката најинтересен беше дуелот помеѓу Ферстапен, кој беше под силен притисок на Ветел. Германецот отиде на се или ништо во 14-от круг, обидувајќи се да го претекне Ред Булот од внатрешната страна на Стоув свиокот. Ферстапен се бранеше и двајцата возачи во следниот свиок влегоа тркало до тркало. Во првиот дел од овј дуел Ферстапен беше истуркан надвор од патеката, но во завршницата младиот Холанѓанец врати со иста мерка за останување на третото место.
Оваа битка му дозволи на Ботас драстично да се прибижи на две секунди до Ферарито на Ветел, кој сега беше на 14 секунди зад Хамилтон.
Кога не може на патеката од Ферари се обидоа преку боксевите, кога Ветел во 19-от круг беше првиот возач, кој влезе во бокс по меките гуми на Пирели. Ферстапен и Ред Бул ја следеа истата тактика веќе во следниот круг, но неговото застанување за меки гуми беше проблематично, па на патеката излезе зад болидот на Ветел.
Рикиардо, пак, во борба со послабите болиди, по 29-тиот круг, беше на 6-то место, иако допрва требаше да замине на промена на гуми. Кога во 33-от круг ги замени своите гуми, тој се врати на 10-тото место, веднаш зад Серџо Перез.
Во тие моменти од трката во бокс влезе и Ботас Ботас, и по замената на супер-меки гуми, Финецот беше на четвртото место зад Хамилтон, Раиконен и Ветел. Мерцедесот на оваа побрза смеша веднаш се впушти во потера по првото Ферари, кое му бегаше околу 5.5 секунди.
Веќе во 43-от круг разликата беше ликвидирана, но нели едно е да стигнеш некој болид, друго е да го престигнеш. Но тоа не важеше за Мерцедес и Валтери Ботас кои едноставно беа пребрзи. Себастијан Ветел беше лесен плен и Финецот се впушти во потера по својот сонародник. Со пет круга до крајот, Ботас имаше негатива од пет секунди зад Раиконен.
Сепак, Ботас немаше потреба од претекнување, кое најверојатно и немаше да се случи, за второто место. Тоа му беше подарено кога левата предна гума на Раиконен не издржа и тој влезе во бокс на три круга до финишот. Трката влезе во драматичен пресврт, бидејќи по неколку секунди по Раиконен, и Себатијан Ветел имаше ист проблем.
На крај, Хамилтон ја забележа својата петта Победа на Британската ГП. Ботас се погрижи за 1-2 Победа на Мерцедес АМГ, а Раиконен успеа да стигне до последното скалило на подиумот.
Ферстапен финишираше на четвртото место, пред Рикиардо кој го помина Хулкенберг во завршните фази. Ветел, пак, по дупнатата гума се најде на разочарувачкото за него седмо место пред Окон и Перез. Фелипе Маса го заокружи Топ 10 поредокот и го освои последнот бод за Вилијамс.
Голема Награда на Британија, Силверстоун
52 круга, 306.198км., Време: Облачно.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч31:27.729
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ + 14.063
3. Кими Раиконен Ферари + 36.570
4. Макс Ферстапен Ред Бул + 52.125
5. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1:05.955
6. Нико Хулкенберг Рено + 1:08.109
7. Себастијан Ветел Ферари + 1:33.989
8. Естебан Окон Форс Индија + 1 круг
9. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
10. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
11. Штофел Вандорн Мекларен + 1 круг
12. Кевин Магнусен Хас + 1 круг
13. Роман Грожан Хас + 1 круг
14. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
15. Данил Квјат Торо Росо + 1 круг
16. Ленс Строл Вилијамс + 1 круг
17. Паскал Верлајн Заубер + 1 круг
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:30.621
2014 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч26:52.094
2015 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч31:27.729
2016 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч34:55.831
2017 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч21:27.430
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ
Фернандо Алонсо Мекларен
Карлос Саинц ЈР. Торо Росо
Џолион Палмер Рено
Генерален пласман по 10 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Себастијан Ветел 177 Мерцедес АМГ 330
2. Луис Хамилтон 176 Ферари 275
3. Валтери Ботас 154 Ред Бул 174
4. Даниел Рикиардо 117 Форс Индија 95
5. Кими Раиконен 98 Вилијамс 41
6. Макс Ферстапен 57 Торо Росо 33
7. Серџо Перез 52 Хас 29
8. Естебан Окон 43 Рено 26
9. Карлос Саинц ЈР. 29 Заубер 5
10. Нико Хулкенберг 26 Мекларен 2
11. Фелипе Маса 23
12. Ленс Строл 18
13. Роман Грожан 18
14. Кевин Магнусен 11
15. Паскал Верлајн 5
16. Данил Квјат 4
17. Фернандо Алонсо 2
Тимоско Радио на Луис по трката...



