"Изненаден сум од зборовите, возачот зад него не беше попречен.", вели Грожан. "Ако губењето на 0.35-0.4 секунди во еден свиок не е попречување, јас сум многу изненаден. Мислам дека тоа отвора простор за незгодни квалификации, кога правилата се прилично јасни. Знам дека имаме борба за шампионската титула, но и ние помалите сме во позиција каде што се бориме напорно, како возачите на врвот, а јас денес бев спречен во тоа."
"Понекогаш, чувствувам дека постојат два типа на одлуки. Мислам дека борбата за титулата е важна. Но, повторно велам, и ние се бориме напорно како и тие. Имаме многу луѓе кои работат и да загубив 0.35 во двата свиоци. Значи, ако има потреба, следниот пат ќе морам да дојдам со моето предно крило во неговиот заден дифузер за да покажам дека сум спречен. Имаме многу јасни правила во квалификациите и со 10 болиди во Q3 сесијата, не би требало да ги имаме овие проблеми."
"Во Кина, добив казна од 5 стартни места поради пребрзо возење при двојно жолто знаме, а денес ја загубив позицијата и ништо не се случи. Фрустрирачки е што се чини дека постои голема недоследност меѓу одлуките и кој возач го прави маневарот."
Французинот смета дека, без инцидентот со Хамилтон, би го претекнал Штофел Вандорн за деветтата позиција, со што во недела би стартувал од осмото место на гридот, откако ќе беше имплементирана казната на Валтери Ботас.

