Валтери Ботас и Макс Ферстапен беа единствените други возачи кои се најдоа во секунда од времето на Рикиардо, додека лидерот во шампионатот, Себастијан Ветел, заостануваше повеќе од секунда. Најбрзите десет возачи беа комплетирани со болидите на Мекларен и Рено.
За време на оваа сесија имавме многу излетувања и извртувања на повеќето возачи, но, најсериозни од нив беа тие на Џолион Палмер во последните неколку секунди до крајот на тренингот и тоa на Антонио Џовинаци, кој го заменуваше Кевин Магнусен во болидот на Хас. Видеата ги имате подолу во овој пост.
Попладневната тренинг сесија започнува во 14:00 часот по македонско време, кога ќе имаме порепрезентативни услови кои ќе бидат исти како тие на квалификациите и неделната трка.
По отфрлањето на соработката со Хонда, денес и официјално соопштение од тимот на Заубер Ф1 кој објави дека е потпишан повеќегодишен договор со Ферари, како нивни снабдувач со погонски единици со најновата спецификација на моќност од 2018 година.
2017 УНГАРИЈА ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:18.486 31
2. Кими Раиконен Ферари 1:18.720 + 0.234 20
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:18.858 + 0.372 31
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:19.162 + 0.762 27
5. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:19.248 + 0.849 30
6. Себастијан Ветел Ферари 1:19.563 + 1.077 21
7. Фернандо Алонсо Мекларен 1:19.987 + 1.501 21
8. Штофел Вандорн Мекларен 1:20.005 + 1.519 24
9. Нико Хулкенберг Рено 1:20.150 + 1.664 25
10. Џолион Палмер Рено 1:20.461 + 1.975 27
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:20.540 + 2.054 28
12. Серџо Перез Форс Индија 1:20.574 + 2.088 23
13. Данил Квјат Торо Росо 1:20.780 + 2.294 27
14. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:20.917 + 2.431 25
15. Ленс Строл Вилијамс 1:20.974 + 2.488 29
16. Роман Грожан Хас 1:21.315 + 2.827 20
17. Алфонсо Целис Форс Индија 1:21.602 + 3.299 24
18. Маркус Ериксон Заубер 1:21.785 + 3.537 30
19. Антонио Џовинаци Хас 1:22.251 + 3.765 8
20. Паскал Верлајн Заубер 1:22.490 + 4.004 29
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.814
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.141
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:21.347
2017 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:18.486
Ништо ново за Себ, Ферарито нема добар сет-ап...

