Уште еднаш Мерцедес АМГ мораше да се задоволи со третото и петто најбрзо време со Валтери Ботас пред Луис Хамилтон со Ферарито на Кими Раиконен, помеѓу нив двајца.
Ред Булот во рацете на Макс Ферстапен не беше толку добар, па Холанѓанецот ја обезбеди само шестата позиција на табелата со половина секунда заостанување зад најбрзото време забележано од страна на својот тимски колега.
Интересно, Луис Хамилтон се наоѓа на 5-тото место од табелата, исто како и на минатогодишниот попладневен тренинг на Хунгароринг. Неговото најбрзо време беше забележано на меките гуми на Пирели, за разлика од сите останати кои беа најбрзи на супер-меката смеша.
Британецот извозе неколку круга и на таа смеша, но немаше некое подобрување, но изгледаше дека не е заинтересиран за побрзи времиња.
Импресивен ден за Нико Хулкенберг и Рено, кои ја завршија сесијата со седмото најбрзо време, што е огромен поттик за овој тим. Тој беше за малку побрз од Алонсо, Саинц ЈР. и Вандорн.
Тоа значеше дека во најбрзите 10 болиди немаше место за Форс Индија и Вилијамс.
Најзафатени механичари беа тие на Заубер и Рено, кои цел ден работеа на болидите на Верлајн и Палмер, кои упорно ги уништуваа.
Квалификационата сесија за Големата Награда на Унгарија е утре, сабота, со почеток во 14:00 часот.
2017 УНГАРИЈА ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:18.455 32
2. Себастијан Ветел Ферари 1:18.638 + 0.183 28
3. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:18.656 + 0.201 33
4. Кими Раиконен Ферари 1:18.755 + 0.300 28
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:18.779 + 0.324 31
6. Макс Ферстапен Ред Бул 1:18.951 + 0.496 25
7. Нико Хулкенберг Рено 1:19.714 + 1.259 33
8. Фернандо Алонсо Мекларен 1:19.815 + 1.360 31
9. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:19.834 + 1.379 35
10. Штофел Вандорн Мекларен 1:19.909 + 1.454 18
11. Естебан Окон Форс Индија 1:20.126 + 1.671 34
12. Серџо Перез Форс Индија 1:20.267 + 1.811 33
13. Данил Квјат Торо Росо 1:20.577 + 2.122 37
14. Ленс Строл Вилијамс 1:20.791 + 2.336 31
15. Фелипе Маса Вилијамс 1:20.869 + 2.414 22
16. Џолион Палмер Рено 1:21.175 + 2.720 12
17. Кевин Магнусен Хас 1:21.345 + 2.890 11
18. Роман Грожан Хас 1:21.504 + 3.049 25
19. Маркус Ериксон Заубер 1:21.559 + 3.104 31
20. Паскал Верлајн Заубер 1:21.722 + 3.267 16
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.482
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:23.949
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:20.435
2017 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:18.455
П.Верлајн за црвено знаме...

