Главна тема на денот се и грид казните, а досега ги заработија четири возачи, сите за користење на дополнителни елементи на ПЕ. Даниел Рикиардо и Макс Ферстапен од Ред Бул, Фернандо Алонсо од Мекларен и Карлос Саинц ЈР. од Торо Росо.
Рикиардо е на со петти мотор и турбо полнач и шеста MGU-H единица, што значи казна од 20 места за Австралијанецот. Неговиот тимски колега, Макс Ферстапен, ќе изгуби 15 стартни места, благодарение на петтиот мотор и MGU-H единица.
Поради немоќта на Хонда ПЕ, Фернандо Алонсо и Мекларен избраа да добијат повеќе казни, вкупно 35 места. Шпанецот ќе биде со неговиот седми мотор, деветта MGU-H единица, седма MGU-K единица, деветти турбо полнач, шести акумулатор и петта контролна единица.
Карлос Саинц ЈР. ќе има казна од 10 стартни места за петта MGU-H единица.
2017 ГН ИТАЛИЈА - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:21.537 25
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:21.972 + 0.435 24
3. Себастијан Ветел Ферари 1:22.652 + 1.115 33
4. Кими Раиконен Ферари 1:22.689 + 1.152 34
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:22.742 + 1.205 34
6. Макс Ферстапен Ред Бул 1:22.749 + 1.212 22
7. Серџо Перез Форс Индија 1:23.317 + 1.780 31
8. Естебан Окон Форс Индија 1:23.400 + 1.863 31
9. Штофел Вандорн Мекларен 1:23.465 + 1.928 43
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:23.561 + 2.024 42
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:23.680 + 2.143 21
12. Кевин Магнусен Хас 1:23.973 + 2.436 14
13. Ленс Строл Вилијамс 1:23.991 + 2.454 34
14. Данил Квјат Торо Росо 1:24.012 + 2.475 43
15. Фернандо Алонсо Мекларен 1:24.015 + 2.478 36
16. Роман Грожан Хас 1:24.079 + 2.542 31
17. Нико Хулкенберг Рено 1:24.542 + 3.005 20
18. Џолион Палмер Рено 1:25.167 + 3.629 28
19. Паскал Верлајн Заубер 1:25.223 + 3.686 39
20. Маркус Ериксон Заубер 1:25.687 + 4.150 25
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:26.187
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.670
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:22.959
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:21.537
На попладневниот тренинг најбрзиот круг го имаше Валтери Ботас, со само 0,056 делови од секундата подобро време од својот тимски колега, Луис Хамилтон.Она што радува е фактот што Ферари ја намали разликата на само 0,140 секунди зад Финецот, но не радува фактот што заостануваат за исто толку во тркачкото темпо, што не беше случај во СПА-Франкоршамп.
Ред Бул е веднаш зад болидите на Ферари, но, како што напоменавме погоре, двајцата нивни возачи имаат грид казни.
Пријатно изненадување на денот се Мекларен, со седмо и осмо најбрзо време, но Фернандо Алонсо ќе стартува последен поради казната од 35 стартни места.
Технички проблеми за Карлос Саинц ЈР. и Кевин Магнусен.
Шпанецот, кој веќе има казна од 10 стартни места, би можел да се соочи со уште казни по откажувањето на Рено ПЕ во неговиот Торо Росо на половина час до крајот на сесијата.
Кевин Магнусен мораше да го паркира својот болид покрај патеката поради скршена задна амортизација.
Но, едно е тренинг, додека друго е она вистинското нешто кога ќе започнат квалификаците и самата трка. Утре не очекува Саботниот тренинг во 11:00 МК и Квалификациите кои започнуваат во 14:00 часот.
2017 ГН ИТАЛИЈА - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:21.406 28
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:21.462 + 0.056 31
3. Себастијан Ветел Ферари 1:21.546 + 0.140 24
4. Кими Раиконен Ферари 1:21.804 + 0.398 28
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:22.409 + 1.003 26
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:22.752 + 1.346 23
7. Штофел Вандорн Мекларен 1:22.947 + 1.541 35
8. Фернандо Алонсо Мекларен 1:22.968 + 1.562 32
9. Естебан Окон Форс Индија 1:22.977 + 1.571 24
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:22.985 + 1.579 37
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:23.150 + 1.744 22
12. Нико Хулкенберг Рено 1:23.272 + 1.867 22
13. Џолион Палмер Рено 1:23.317 + 1.911 30
14. Серџо Перез Форс Индија 1:23.352 + 1.946 27
15. Ленс Строл Вилијамс 1:23.403 + 1.997 17
16. Роман Грожан Хас 1:23.567 + 2.161 22
17. Кевин Магнусен Хас 1:23.650 + 2.244 17
18. Данил Квјат Торо Росо 1:24.253 + 2.847 20
19. Маркус Ериксон Заубер 1:24.894 + 3.488 26
20. Паскал Верлајн Заубер 1:25.295 + 3.889 17
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:26.225
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.279
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:22.801
2017
Фернандо Алонсо






