Квалификациите беше одложени нешто повеќе од два и пол часа, по извртувањето на Роман Грожан на стартно-целниот правец, кога сесијата беше стопирана поради силниот дожд. Кога конечно продолжија, интензитетот на дождот повторно варираше, а во такви услови добра сесија имаа возачите на Ред Бул, Ферстапен и Рикиардо, но се беше бадијала поради големите казни.
Луис Хамилтон го надмина рекордот на Михаел Шумахер од 68 Пол позиции, што го изедначи на минатата трка во Белгија.
"Многу е тешко да ги пронајдам вистинските зборови, за да објаснам како се чувствувам во овој момент. Би сакал да имам нешто навистина иконично да изјавам. Слушнав дека овој рекорд бил надминуван само неколку пати во последните 50, 60 години. Многу сум горд на она што го постигнав и тоа е нешто неверојатно. Морам да продолжам со истото темпо и да ја зголемувам разликата."
По апликацијата на казните на Ред Бул, Ленс Строл, дебитантот во Формула 1, ќе има сензационален старт од првиот ред, за кој само можеше да сонува. Веднаш зад него ќе биде и Естебан Окон со болидот на Форс Индија.
Кими Раиконен и лидерот во шампионатот, Себастијан Ветел, имаа катастрофален настап пред домашната публика, не можејќи да ги задржат своите болиди на влажниот асфалт. Гумите за влажно време на Пирели не даваа никаков грип при секое поостро притискање на педалата за гас. Загрижувачко е тоа што во Италијанскиот тим не ја знаат причината за таквото однесување на нивните болиди.
Роман Грожан, по неговото извртување во Q1 сесијата, не учествуваше во понатамошниот тек на квалификациите, не забележа време во 107%, но стјуардите дозволија да стартува на утрешната трка, но од последната стартна ппозиција.
2017 ИТАЛИЈАНСКО ГРАН ПРИ - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:35.554
2. Макс Ферстапен Ред Бул 1:36.702 + 0.478
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:36.841 + 0.837
4. Ленс Строл Вилијамс 1:37.032 + 0.930
5. Естебан Окон Форс Индија 1:37.719 + 1.253
6. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:37.833 + 1.254
7. Кими Раиконен Ферари 1:37.987 + 1.276
8. Себастијан Ветел Ферари 1:38.064 + 1.679
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:38.251 + 1.701
10. Штофел Вандорн Мекларен 1:39.157 + 2.049
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:34.660
11. Серџо Перез Форс Индија 1:37.582 + 1.469
12. Нико Хулкенберг Рено 1:38.059 + 1.594
13. Фернандо Алонсо Мекларен 1:38.202 + 1.775
14. Данил Квјат Торо Росо 1:38.245 + 1.817
15. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:38.526 + 1.901
Q1 Најбрзо време: Валтери Ботас 1:35.716
16. Кевин Магнусен Хас 1:40.489 + 1.998
17. Џолион Палмер Рено 1:40.646 + 1.971
18. Маркус Ериксон Заубер 1:41.732 + 2.102
19. Паскал Верлајн Заубер 1:41.875 + 2.233
20. Роман Грожан Хас 1:43.355 + 2.376
107% време: 1:42.416
Казни:
- Р.Грожан не постави време во рамките на 107%,
но стјуардите ќе доволат да се трка...
- Ф.Алонсо 35 стартни места поназад...
- Д.Рикиардо 25 стартни места поназад...
- М.Ферстапен 20 стартни места поназад...
- К.Саинц ЈР. 10 стартни места поназад...
- Н.Хулкенберг 10 стартни места поназад...
- Џ.Палмер 15 стартни места поназад...
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.109
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:23.397
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:21.135
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:35.554


