Дождот започна да паѓа еден час пред почетокот на трката, престана кога возачите се упатија од своите гаражи кон стартните позиции, и повторно започнаа на паѓа на 15 минути пред формацискиот круг. И покрај тоа што голем број од возачите по тимските радиа јавуваа дека видливоста е слаба, трката продолжи со нормален старт.
Меѓутоа, штом се изгасија црвените светла веднаш имаше инцидент. Себастијан Ветел и Макс Верстапен, се бореа да ги задржат своите позиции, а тоа го искористи Кими Раиконен кој виде шанса за напад од внатрешната страна на првиот свиок.
Ветел се заджа на првото место, но Вестпапен се чинеше дека ќе биде претекнат од страна на Финецот. Се тоа заврши со судир помеѓу Ферстапен и Раиконен, кој пак заврши во болидот на својот тимски колега.
Следуваше нов судир помеѓу Ферстапен и Раиконен, во кој како колатерална штета настрада и Фернандо Алонсо од Мекларен. Шпанецот успеа некако да продолжи, но, само до крајот на осмиот круг, кога мораше да се повлече од трката.
Напред Себастијан Ветел, исто така, беше во неволја. Поради оштетувањата на својот болид изгуби контрола и се судри со бариерите покрај патеката. Тоа беше крај на трката и можеби неговите шампионски амбиции.
Веднаш беше распоредено и безбедносното возило, со Луис Хамилтон на првото место, пред Даниел Рикиардо, Нико Хулкенберг, Серџо Перез и Валтери Ботас.
Следуваше досаден период на трката, прекинуван во неколку наврати од безбедносно возило поради инцидентите на Данил Квјат и Маркус Ериксон.
Сепак, Луис Хамилтон беше сигурен на првото место, Рикиардо немаше сили за нешто повеќе, но не беше загрозено ни неговото второ место.
На крајот кога беше јасно дека во предвидените 2 часа не може да се комплетираат 58-те планирани круга, започна да тече временскиот тајмер. На крајот од 57-от круг Луис Хамилтон ја помина целната линија за својата 60-та победа во кариерата, трета во Сингапур.
Рикиардо го задржа второто место пред Ботас, додека Карлос Саинц ЈР. го освои четвртото место, најдобриот пласман во својата Ф1 кариера, за време на тркачкиот викенд кога објави дека во 2018 година ќе вози за Рено.
Серџо Перез беше петти во Форс Индија, додека Џолион Палмер ги освои првите бодови со пласманот на шестото место.
Штофел Вандорн беше седми за Мекларен, додека Ленс Строл го освои одличното за него осмо место, по стартот од 18-тата стартна позиција.
Роман Грожан освои два поени за Хас, а последното место што носи поен беше за Естебан Окон во вториот болид на Форс Индија.
Голема Награда на Сингапур, Марина Беј
58 круга, 306.720км., Време: Дожд/ноќна трка.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 2ч03:23.544
2. Даниел Рикиардо Ред Бул + 4.507
3. Валтери Ботас Мерцедес АМГ + 8.800
4. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 22.822
5. Серџо Перез Форс Индија + 25.359
6. Џолион Палмер Рено + 27.259
7. Штофел Вандорн Мекларен + 30.388
8. Ленс Строл Вилијамс + 41.696
9. Роман Грожан Хас + 43.282
10. Естебан Окон Форс Индија + 44.795
11. Фелипе Маса Вилијамс + 46.536
12. Паскал Верлајн Заубер + 2 круга
Најбрз Круг: Луис Хамилтон - 1:45.008
БЕЗ ПЛАСМАН:
Кевин Магнусен Хас
Нико Хулкенберг Рено
Маркус Ериксон Заубер
Данил Квјат Торо Росо
Фернандо Алонсо Мекларен
Себастијан Ветел Ферари
Макс Ферстапен Ред Бул
Кими Раиконен Ферари
Генерален пласман по 14 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 263 Мерцедес АМГ 475
2. Себастијан Ветел 235 Ферари 373
3. Валтери Ботас 212 Ред Бул 230
4. Даниел Рикиардо 162 Форс Индија 124
5. Кими Раиконен 138 Вилијамс 59
6. Макс Ферстапен 68 Торо Росо 52
7. Серџо Перез 68 Рено 42
8. Естебан Окон 56 Хас 37
9. Карлос Саинц ЈР. 48 Мекларен 17
10. Нико Хулкенберг 34 Заубер 5
11. Фелипе Маса 31
12. Ленс Строл 28
13. Роман Грожан 26
14. Кевин Магнусен 11
15. Фернандо Алонсо 10
16. Џолион Палмер 8
17. Штофел Вандорн 7
18. Паскал Верлајн 5
19. Данил Квјат 4



