Осумнаесет месеци по започнувањето на нивното партнерството за иновации, од кое произлезе супер-автомобилот Aston Martin Valkyrie, тимот на Ред Бул Рејсинг се надева дека ќе го редефинира поредокот во Формула 1 со денешната објава дека Астон Мартин станува главен спонзор од 2018 година. Со тоа овој тим од следната сезона ќе се натпреварува како "Астон Мартин Ред Бул Рејсинг".
Зајакнатите врски помеѓу двата светски познати бренда не би требало да бидат само замачкување очи на мотоспорт јавноста, туку од проширеното техничко партнерство треба да произлезе нов напреден центар за дизајн и инженерство во кругот на фабриката на Ред Бул во Милтон Кинс до крајот на оваа година.
Новиот Центар ќе биде место каде ќе бидат вработени најдобрите дизајнери и инженери на Астон Мартин и Ред Бул, одговорни за сите тркачки автомобили од двете компании.
Со ова партнерство најпрво се стабилизира финансиската страна и трајно решение за тркачката програма на Астон Мартин, но Ф1 болидите на Ред Бул најмалу три сезони ќе немаат решение за моќна ПЕ.
Од овој иновативен центар би произлегла самостојна ПЕ најрано во 2021 година, кога ќе имаме промена на правилата, но се зависи од најавата за драстично кратење на трошоците за нивно производство.
Ред Бул останува на Рено ПЕ само уште една сезона. Што понатака?!?
Астон Мартин Ред Бул Ф1 ќе ја тестира Хонда ПЕ во болидите на сестринскиот тим на Торо Росо. Сепак, сите шпекулации од извори блиски со проектот Хонда Ф1 сугерираат дека за решавање на нивните проблеми е неопходно да се промена на културата на управување во овој Јапонски производител, но за такво нешто нема најава во поблиска иднина.
Погонската Единица во оваа хибридна Ф1 ера отсекогаш била слаба точка на Ред Бул Рејсинг и најверојатно така ќе остане и до 2020 година. Во тој случај ќе се јави нервоза и кај нивните главни возачи, Даниел Рикиардо и Макс Верстапен, кои сакаат да бидат дел од победнички тим.
Од 2021 година, според еден од клучните плановите на Рос Браун и Либерти Медиа за враќање на популарноста на Формула 1, треба да има некаква форма на независен производител на ПЕ, како што е Косворт, кој би можел да снабдува конкурентни ПЕ по конкурентни цени.
ОФИЦИЈАЛНО: АСТОН МАРТИН РЕД БУЛ РЕЈСИНГ
9/25/2017 02:16:00 PM
0
Share to other apps



