Луис Хамилтон на стартот го задржа водството по првиот свиок. Ленс Строл и Естебан Окон, не беа дораснати да му се спротистават, но затоа борбата ја насочија помеѓу себе, а како победник излезе ЏЏЏ во болидот на Форс Индија. Двајцата беа лесен плен за Валтери Ботас, кој веќе по третиот круг беше на второто место зад неговиот тимски колега.
Подолу на гридот, Макс Ферстапен имаше одличен старт и до крајот на првиот круг, возачот на Ред Бул беше на осмото место од 13-тата стартна позиција. Меѓутоа, во обидот да го претекне Фелипе Маса, имаше контакт и Холанѓанецот заврши со дупната предна десна гума и оштетено предно крило. Тој мораше во бокс по нов нос и гуми и се врати на последно место.
Себастијан Ветел кој стартуваше од 6-тата позиција до пласман на победничкиот подиум, т.е. третото место, стигна во осмиот круг по претекнувањето на Раиконен, Строл и со најголеми напори Естебан Окон.
Напред Хамилтон, бележеше импресивни времиња по круг, за по 12-ет круга да има предност од 3.1 секунди пред Ботас и цели осум секунди пред лидерот во шампионатот, Ветел.
Од тој момент гледавме релативно досадна трка, а единствено Даниел Рикиардо со своите перформанси внесуваше неизвесност за да го задржи нашето внимание кон трката. Тој, по малерот на својот тимски колега, го превзеде приматот на звезда на денот и со старт од 16-тата позиција, на крај финишираше на четвртото место.
Австралијанецот во 45-от круг го забележа најбрзиот круг на денешната трка, почнувајќи опасно да ја намалува разликата до Ветел, која во еден момент од 8,7 секунди спадна на околу три, но Германецот одговори со негови најбрзи неколку круга и ја зголеми разликата на комфорни 4,8 секунди.
Сепак, Рикиардо направи доволно за да ја оживее трката во која доминираше Мерцедес АМГ. Заслужено, Ф1 фановите го избраа за возач на денот.
Луис Хамилтон ја забележа својата 59-та Победа во кариерата, 4,4 секунди пред Ботас и 36 секунди пред Ветел. Австралијанецот во тимот на Ред Бул имаше храбар, борбен и извонреден настап, но доволен само за четврто место.
Зад нив, Раиконен заврши на 5-тото место, пред Окон и Строл. Двајцата млади возачи не успеаа да ги задржат или подобрат своите високи стартни позиции, но, не по нивна вина, туку повеќе поради ограничените можности на нивните болиди.
Фелипе Маса беше осми со вториот болид на Вилијамс, додека Перез беше деветти за Форс Индија. По неговите првични проблеми, Ферстапен на крај успеа да стихне до десетто место и последниот поен на оваа трка.
Голема Награда на Италија, Монца
53 круга, 306.720км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч15:32.312
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ + 4.471
3. Себастијан Фетел Ферари + 36.317
4. Даниел Рикиардо Ред Бул + 40.335
5. Кими Раиконен Ферари + 1:00.082
6. Естебан Окон Форс Индија + 1:11.528
7. Ленс Строл Вилијамс + 1:14.156
8. Фелипе Маса Вилијамс + 1:14.834
9. Серџо Перез Форс Индија + 1:15.276
10. Макс Ферстапен Ред Бул + 1 круг
11. Кевин Магнусен Хас + 1 круг
12. Данил Квјат Торо Росо + 1 круг
13. Нико Хулкенберг Рено + 1 круг
14. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
15. Роман Грожан Хас + 1 круг
16. Паскал Верлајн Заубер + 1 круг
17. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
18. Маркус Ериксон Заубер + 2 круга
Најбрз Круг: Даниел Рикиардо - 1:23.361
БЕЗ ПЛАСМАН:
Штофел Вандорн Мекларен
Џолион Палмер Рено
Генерален пласман по 15 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 238 Мерцедес АМГ 435
2. Себастијан Ветел 235 Ферари 373
3. Валтери Ботас 197 Ред Бул 212
4. Даниел Рикиардо 144 Форс Индија 113
5. Кими Раиконен 138 Вилијамс 55
6. Макс Ферстапен 68 Торо Росо 40
7. Серџо Перез 58 Хас 35
8. Естебан Окон 55 Рено 34
9. Карлос Саинц ЈР. 36 Мекларен 11
10. Нико Хулкенберг 34 Заубер 5
11. Фелипе Маса 31
12. Роман Грожан 24
13. Ленс Строл 24
14. Кевин Магнусен 11
15. Фернандо Алонсо 10
16. Паскал Верлајн 5
17. Данил Квјат 4
18. Штофел Вандорн 1











