ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
Макс Ферстапен го диктираше темпото на првиот тренинг, кој беше одложен поради лошите временски услови. Холанѓанецот забележа време од 1:48.962 на Интермедиа гумите на Пирели при крајот на сесијата, кое се покажа како најбрзо. Даниел Рикиардо заврши 0.757 секунди зад својот тимски колега од Ред Бул, додека Фернандо Алонсо го имаше третото најбрзо време со заостанување од 1.6 секунди за тимот на Мекларен.Во текот на утрото имаше дожд со силен интензитет, кој накратко се смири, но повторно се зголемуваше со наближување на времето за почеток на сесијата. Поради тоа, Чарли Вајтинг одлучи да ја одложи сесијата "на неодредено време".
Безбедносниот автомобил излегуваше на патеката за да ги процени условите за тркање и по 20-тина минути се сметаше дека условите се подобрија. Првиот тренинг започна со задоцнување од половина час, со што на возачите им останаа 60 минути од сесијата, во кои немаше многу акција.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГA
1. Макс Ферстапен Ред Бул 1:48.962 11
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:49.719 + 0.757 12
3. Фернандо Алонсо Мекларен 1:50.597 + 1.635 6
4. Кими Раиконен Ферари 1:50.734 + 1.772 12
5. Себастијан Ветел Ферари 1:51.009 + 2.047 12
6. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:51.518 + 2.556 8
7. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:52.007 + 3.045 10
8. Ленс Строл Вилијамс 1:52.295 + 3.333 8
9. Пјер Гасли Торо Росо 1:52.380 + 3.418 14
10. Сергеј Сироткин Рено 1:53.521 + 4.559 10
11. Џолион Палмер Рено 1:53.625 + 4.663 10
12. Штофел Вандорн Мекларен 1:53.771 + 4.809 10
13. Естебан Окон Форс Индија 1:53.896 + 4.934 6
14. Шон Гелајл Торо Росо 1:54.610 + 5.648 13
15. Серџо Перез Форс Индија 1:54.669 + 5.707 4
16. Чарлс Леклерк Заубер 1:55.280 + 6.318 10
17. Паскал Верлајн Заубер 1:55.652 + 6.690 10
18. Роман Грожан Хас 1:56.211 + 7.249 8
19. Кевин Магнусен Хас 1:56.339 + 7.377 6
20. Фелипе Маса Вилијамс без поставено време
2014 Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:40.691
2015 Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:40.124
2016 Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.227
2017 Макс Ферстапен Ред Бул 1:48.962
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
Ферари го диктираше темпото на вториот тренинг, т.е. на сува патека. Себастијан Ветел беше за повеќе од половина секунда побрз од својот тимски колега, Кими Раиконен, на второто место и Даниел Рикиардо кој го имаше третото најбрзо време.По доцнењето на првата тренинг сесија, втората заврши 20-тина минути пред истекот на времето, поради инцидентот на Роман Грожан при поголема брзина, предизвикан од разлабавен капак на дренажна шахта. Инцидентот може да го погледнете на приложените видеа. По утринскиот дожд, сега патеката беше сува, но прогнозата за остатокот од викендот е неизвесна, т.е. пороен дожд не може да се исклучи во нити еден момент.
Викендот во Малезија продолжува утре со третиот тренинг и Квалификациите, закажани за 08:00, т.е. 11:00 часот по Македонско време.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГA
1. Себастијан Ветел Ферари 1:31.261 22
2. Кими Раиконен Ферари 1:31.865 + 0.604 19
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:32.099 + 0.838 19
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:32.109 + 0.848 11
5. Фернандо Алонсо Мекларен 1:32.564 + 1.303 14
6. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:32.677 + 1.416 15
7. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:32.720 + 1.459 21
8. Серџо Перез Форс Индија 1:32.862 + 1.601 19
9. Нико Хулкенберг Рено 1:33.060 + 1.799 24
10. Естебан Окон Форс Индија 1:33.096 + 1.835 24
11. Џолион Палмер Рено 1:33.381 + 2.120 26
12. Фелипе Маса Вилијамс 1:33.394 + 2.133 20
13. Штофел Вандорн Мекларен 1:33.673 + 2.412 15
14. Ленс Строл Вилијамс 1:33.818 + 2.557 16
15. Пјер Гасли Торо Росо 1:34.043 + 2.782 22
16. Карлос Саинц JР. Торо Росо 1:34.104 + 2.843 19
17. Роман Грожан Хас 1:34.118 + 2.857 18
18. Кевин Магнусен Хас 1:34.343 + 3.082 17
19. Паскал Верлајн Заубер 1:35.246 + 3.985 29
20. Маркус Ериксон Заубер 1:35.697 + 4.436 27
2014 Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:39.909
2015 Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:39.790
2016 Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.944
2017 Себастијан Ветел Ферари 1:31.261




